Connect with us

Радовиш

Екипи од ЈП „Плаваја“ денеска работат на терен да ги санираат штетите од невремето

Avatar

Published

на

„После силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветар, кое го зафати поширокото подрачје на Радовиш откорнати се повеќе дрвја, искршени се гранки и се случија повеќе запушувања на решетките за атмосферска вода.

Вработените на ЈП„Плаваја“ Радовиш започнаа со расчистување на последиците веднаш по престанокот на невремето со цел да овозможат одвивање на сообраќајот и пристап до објектите“ велат од ЈП Плаваја.

Во текот на денешниот ден вработените од Плаваја продолжија со санација  на последици од невремето.

Инаку пред неколку месеци Општина Радовиш спроведе акција за кастрење и отстранување на стари и ризични дрвја кои при вакво невреме предизвикуваат штети. Тогаш некои од граѓаните беа против ваквата акција и велеа дека не треба да се сечат дрвјата, но после синоќашното невреме се покажа како оправдана таквата акција. Но и се дојде до заклучок дека дрвјата треба редовно да се кастрат и одржуваат за де не предизвикуваат штети при поголемо невреме.  

Радовиш

Физичка пресметка во Радовиш помеѓу две лица

Avatar

Published

на

На 20.05.2024  во  22.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосница од ул.„Патизанска“ и ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Х.(38) од село Подареш, радовишко и А.И. од село Ињево, радовишко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во ОНБ,,Браќа Миладиновци” -Радовиш, денес започна традиционалниот 15 по ред ,,Саем на книги 2024“

Avatar

Published

на

Од денеска до 23 мај  Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” -Радовиш го организира традиционалниот 15 по ред САЕМ НА КНИГИ 2024.

На саемот со свои наслови се претставени 15 издавачки куќи на 12 штанда со вкупна понуда од над илјада наслови.

На присутните љубители на пишаниот збор добредојде им посака директорот на библиотеката Станој Петров.

За значењето на читањето на истиот зборуваше проф. Јовица Илиќ, а за отворен саемот го прогласи Љупче Почивалец – секретар на Општина Радовиш.

Саемот ќе трае до Четврток, 23 мај во термин од 10.00 до 19.00 часот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Пчеларското здружение „Радовишка пчела“ денеска го одбележа 20-ти Мај Светскиот ден на пчелата

Avatar

Published

на

Пчеларското здружение „Радовишка пчела“ денеска го одбележа 20-ти Мај Светскиот ден на пчелата. На поставен штанд во центарот на Радовиш на кој граѓаните можеа да дегустираат природен мед, членови на здружението им делеа и флаери со цел да ја поттикнат свеста кај граѓаните за зачувување на македонската медоносна пчела која е најбитна за опстанок на природата и човештвото.

Инаку ова здружение е формирано од пред неколку недели и во него веќе членуваат речиси сите пчелари од Општина Радовиш.

Секоја година на 20 мај, се одбележува светскиот ден на пчелите, денот кога во 1734 година во Брезница (денешна Словенија) е роден Антон Јанша, сликар и пионер на модерното пчеларство.

Пчелите и другите запрашувачи (поленатори) се повеќе се загрозени од активностите на човекот, од загадувањето на животната средина со што се доведува во прашање и опстанокот на пчелата.

Прочитај повеќе