Connect with us

Радовиш

Општинската Организација на СДСМ од Радовиш денеска одржа прес конференција

Media Press

Објавено на

На истата беше спомнато дека се решава проблемот околу водоснабдувањето, со изградбата на новиот водовод и резервоар, како што и било ветено на граѓаните.

-Зборот важи. Деновиве сведоци сте дека започна изградбата на нов капитален објект во Општина Радовиш, водовод. Објект кој го ветивме во кампањата на СДСМ и коалицијата, на последните локални избори, за решавање на повеќедецениски проблем за обезбедување на здрав и чиста вода за пиење, за граѓаните на Општина Радовиш посебно за населба Куклевица. Знаете дека граѓаните на Куклевица и високите зони во Радовиш, мака мачеа за обезбедување на здрава и чиста вода за пиење и за лична хигиена, особено во летниот период. Ветивме и исполнуваме. Изградбата на овој капитален објект се состои од повеќе делови и тоа; нов цевковод со спојна шахта кај Раклиш, до новиот резервоар во Куклевица. Нов резервоар со зафат од 600 метри кубни за Куклевица, потоа нов цевковод за поврзување на двата резервоара, во Коџа Баир и населба Куклевиц, нов цевковод до дистрибутивната водоводна мрежа и неопходна мерно регулациона опрема која што треба да се набави и монтира, рече меѓу другото, претседателот на ОО на СДСМ од Радовиш, Коле Чаракчиев, на одржаната прес конференција.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе