Connect with us

Радовиш

Делегација од Општина Радовиш во официјална посета на збратимена Општина Белишче

Media Press

Објавено на

Делегација од Општина Радовиш предводена од Градоначалникот Герасим Конзулов, беше во официјална посета на збратимена Општина Белишче, Република Хрватска,   на чија  покана освен од Радовиш беа присутни и делегации од Словенија, Србија, Црна гора  и Хрватска. Повод за гостувањето беше поканата за учество на традиционалната манифестација „Белишчанска златна есен“, во чии рамки беа одржани повеќе настани, како Пекмезијада, Чобанијада, Ликовна колонија и Настап на Културно уметнички и Фолклорни друштва од Радовиш, Целје, Богатич, Мојковац, Колашин и Бенковац. 

Во рамките на посетата Делагацијата од Општина Радовиш предводена од Градоначалникот Конзулов, заедно со останатите делегации, беше присуна на официјалниот прием во Општинската Зграда, каде Градоначалникот на Белишче, Динко Буриќ  изјави дека ова е значаен ден за Белишче, кој нема долга историја но отсекогаш има своја посебност и богата културна традиција која и денес ја негуваат 22 национални заедници кои живеат на територијата на општината.

-Добредојдовте во Белишче на  овогодишната „Белишчанска златна есен“, и ви благодарам што повторно одговоривте на нашата  искрена пријателска покана. Можеби нјаважната задача на сите нас е водење на грижа за нешто што не се мери на со километри, ни со килограми, туку со нешто што има човечка важност, меѓусебно почитување, изјави градоначалникот Динко Буриќ  .

На свеченоста, свое обраќање имаше и Градоначалникот Конзулов, а исто така и останатите присутни Градоначалници кои беа гости во склоп на манифестацијата а свои делегации имаа: општина Богатич од Р.Србија, општините Колашин и Мојковац од Р.Црна Гора како, општините Бенковац и од Р.Хрватска и општина Целје од Словенија.

Дел од посетата на Белишче беа и Фолклорниот анасамбл „Ацо Караманов“ како и ликовните уметници од ДЛУР РАДА, Душан Коцев и Марјан Крстев, кои уште еднаш, на највисоко ниво ја претставија Општина Радовиш, учествувајќи во Ликовната колонија. Имено, во склоп на Белишчанска златна есен во текот на првиот ден се одржа и манифестацијата „Музички мостови на културите“ во Центарот за култура „Сигмунд Ромберг“, во чија реализација покрај ансамблите од Србија, Словенија и Црна Гора, свој настап имаше и Фолклорниот ансамбл „Ацо Караманов“.

Истиот ден претходно беше одржана и традиционалчната Пекмезијада каде беа изложени разни видови на џем.

Истиот дена сите делегации и гости присуствуваа и  на прогласувањето на победниците на традиционалниот Државен натпревар во готвење на чобанац, кој се оддржа на плоштадот „Анте Старчевич“ во Белишче.

За крај на самата манифестација, во вечерните часови на плоштадот Анте Старчевич, беше оддржана фолклорна смотра и настап на 15 културно-уметнички друштва и ансамбли од седум држави. Фолклорниот Ансамбал Ацо Караманов, од Радовиш, имаше забележителен настап, со што успешно  го претстави Радовиш и Македонскиот фолклор воопшто. Со овој настан беше заокружена прекрасната програма на Белишчанска златна есен.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе