Радовиш
Крв може да се дарува и по прележан Ковид-19. Одржана првата крводарителска акција во оваа година во Црвен крст Радовиш
Објавено на
Од
Media PressОколу 40-тина крводарители денеска даруваа крв на првата крводарителска акција во оваа 2021 година која се одржа во просториите на ОО на Црвен крст во Радовиш.
Крв даруваа и редовни и нови крводарители. Според доктор Моника Стоилева иако е време на ковид пандемија, дарувањето крв е безбедно. И лица кои прележале корана вирус, можат да даруваат од оваа драгоцена течност, после 28 дена.
ОО на Црвен крст од Радовиш организира редовни крводаритлески акции и во време на пандемијата со Ковид – 19. Крводарителите кои даруваат крв ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за Здравство.
Поврзани содржини

Утре, крводарителска акција во Црвен крст Радовиш

Крводарителска акција во Црвен крст-Радовиш, се препорачува крводарителите пред да даруваат крв добро да се хидрирани

Ученици, вработени и останати граѓани дел од денешната крводарителска акција во СОУ ”Коста Сусинов” во Радовиш

Црвен крст, Радовиш утре ќе ја одржи првата крводарителска акција во 2022 година

ОО Црвен крст Радовиш Ве поканува да учествувате на крводарителската акција

Крводарителска акција на Црвен Крст во Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

