Радовиш
Активно лето за алпинистите од АК Плоча од Радовиш
Објавено на
Од
Media PressАлпинистички клуб Плоча од Радовиш во период од месец Јуни до месец Август со зголемен број на активности на локално, државно и на меѓународно ниво.
-Алпинистички клуб Плоча од Радовиш во период од месец Јуни до месец Август имаше зголемен број на активности на локално, државно и на меѓународно ниво. Беа реализирани повеќе искачувања на повеќе локалитети во различни услови со различни техники на искачување вели претседателот на АК плоча од Радовиш Зоран Мајсторски. -Месец Јуни беше посветен на подготовки на локално ниво, на Попова Шапка, Демир Капија, Матка и други локалитети и сектори додава Мајсторски.
Според него, месец Јули бил посветен на искачувања на државен план како и на меѓународен план со што во државата биле посетени карпите на Солунска Глава, Матка и Демир Капија.
– Додека меѓународни искачувања беа реализирани на : Карпите на Ираклица во Грција, иксачување на врвот Вихрен на Пирин планина кој е трет по надморска височина на балканот искачувањењто се изврши по познатиот технички гребен Џамџиев раб. Искачување на највисокиот врв на Словенија врвот Триглав, кое беше под наше раководство група тетовски планинари од 25 луѓе се искачија на врвот вели Мајсторски.
Истата експедиција продолжила на врвот Грос Глокнер во Австрија, кој е висок 3798 метри надморска височина и е највисок врв во Австрија и на него се искачила група од 20 учесника.
Меѓутоа подготовките на АК Плоча продолжила на локално и на државно ниво, за реализација на главна цел, а тоа е Радовишка експедиција на карпите на Доломити во Италија, како и врвот Гранд Парадизо, висок 4067 метри надморска височина, во Италија.
На Доломитите заминале група од 8 луѓе, каде реализирале повеќе искачувања на карпите во зависност од временските услови, бидејки периодот како што велат од Плоча бил со изразени врнежи. Искачувањата биле на карпи од 20 до 500 метри вертикала со различна тежина според меѓународната алпинистичка скала.
Покасно алпинистите заминале кон врвот Гранд Парадизо, на централните Алпи кој е висок 4067 метри надморска височина, каде група од 4 члена се искачила на врвот.
-Искачувањето од планинарскиот дом кој е на надморска височина од 2700 метри до врвот го оствариле за неполни 4 часа, што претставува брзо искачување на оваа планина, бидејки се наоѓа над зоната на комфортот и надморската висина влијае и го отежннува дишењето а ја намалува брзината на темпото додава Мајсторски.
Акцијата Алпи 2019 беше под покровителство на Општина Радовиш дел од проектот 1000 години Радовиш како и спонзорство од рудникот за бакар Бучим Радовиш, и други спонзори.
Алпинистички клуб Плоча во престојниот временски период е во интензивна подготовка за изработка на Водич за локалитетот Плоча, како и организација на државниот собир Плоча 2019 во чест на 6- ти Ноември, денот на ослободувањето на Радовиш.
-Плоча во програмата има зацртано повеќе искачувања, претежно на државен план но и на меѓународен план вели Мајсторски.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

