Радовиш
Рудникот Бучим го одбележа Денот на рударите и значаен јубилеј 40 години од основањето
Објавено на
Од
Media PressРудникот за бакар Бучим од Радовиш денеска со пригодна свеченост го одбележа Денот на рударите , 28 август ,,Голема Богородица,, заштитничка на рударите и значаен јубилеј 40 години од основањето и 15 години успешна работа во состав на Компанијата Солвеј.
На прославата покрај раководството на рудникот, генералниот директор Василиј Боруцки, заменик генералниот директор Николајчо Николов, беа присутни и сопствениците на Солвеј Александар Боронштејн и неговиот син Дан Бронштејн, Претседателот на Владата Зоран Заев и други поканети гости.
Генералниот директор Василиј Боруцки во своето обраќање пред присутните гости даде краток осврат како се развивал Рудникот Бучим од 2004 година па наваму и во какава лоша состојба бил затекнат самиот рудник и неколкуте вработени.
Сипственикот Бронштејн им го честита Денот на рударите и со задовоство констатира дека во рудникот Бучим, покрај досегашните ќе направат и нови инвестиции за отварање на Боров Дол.
Претседателот на Владата Зоран Заев придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче им го честита Денот на рударите и јубилејот 40 години постоење на рудникот.
-Рударскиот сектор е важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите, рече меѓу другото Заев.
На денешната свеченост беа присутни повеќе поканети гости меѓу кои градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов, Градоначалникот на општина Конче Благој Илиев, Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, сопственикот и генерален директор на Адора Инженеринг Ванчо чифлиганец и други високи гости, рудари и вработени во Рудникот бучим.
На трите општини им беа доделни вредносни ваучери од Рудникот Бучим како општествено одговорна фирма, на општина Радовиш ваучер од 8000 евра на Конче и Штип ваучер од по 6000 евра.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

