Радовиш
Рудникот Боров дол ги додели последните новогодишни подароци за дечињата од Општина Конче
Објавено на
Од
Media PressРудниците Бучим и Боров дол ги доделија и последните новогодишни пакетчиња предвидени за оваа година како новогодишен подарок за дечињата.
Во петокот беше доставена последната донација до црвен крст Радовиш, од рудникот Боров дол, од каде понатаму се распределени до дечињата во општина Конче.
Оваа година, рудниците Бучим и Боров дол, донираа над 1.000 новогодишни пакетчиња кои беа подарени на дечињата, во детската градинка “Ацо Караманов” во Радовиш, на детската градинка “12-ти Јули” во Конче, на децата на вработените во рудниците Бучим и Боров Дол, на децата во домот за згрижување на деца без родители Емануел, на децата на членовите на здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност – Радовиш и на корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака.
Оваа е традиционална, предновогодишна активност на рудникот Бучим, а од годинава и на рудникот Боров дол, со што ќе бидат израдувани уште повеќе дечиња.
Поврзани содржини

Адвокатско друштво Пепељугоски и годинава ги израдуваа учениците во село Коџалија и Калаузлија

480 новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка „Ацо Караманов“ -Радовиш донација од рудникот Бучим

Општина Радовиш им додели подарок – училишна опрема на сите првачиња, за среќен почеток на учебната година

Новогодишна еуфорија и во општина Конче, градоначалнико Ристов подари пакетчиња за најмалите

По повод новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот Ристов, подари новогодишни пакетчиња

На 210 првооделенци во основните училишта во општина Гевгелија им беа доделни новогодишни пакетчиња
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

