Радовиш
Радовиш на достоинствен начин го чествува празникот на градот и заштитник Свети Спасо Радовишки
Објавено на
Од
Media PressРадовишани на достоинствен начин во духот на вистински православни христијани вчера и денеска го одбележаа празникот посветен на Свети Спасо Радовишки заштитник на градот Радовиш. Духовниот дел за празнувањето на Св. Спасо Радовишки започна вчера со вечерна богослужба во црковниот храм Света Троица, со која чиноначалствуваа Неговото правосвештенство Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, Викарскиот струмички епископ Г-дин Јаков Стобиски, и свештеници од Брегалничката епархија.
По вечерната богослужба со иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки беше организирана и голема вечерна литија од храмот Св. „Троица“ до параклисот посветен на „Св. маченик Спасо Радовишки“, на истоимениот градски плоштад во Радовиш, каде што се одржа молебен.
На вечерната литургија и литијата на плоштадот присуствуваа голем број верници, граѓани на Радовиш како и Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, пратеничката Милевка Ѓоргиева, извршниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, а присуствуваше и делегација од збратимена општина Тетевен од Република Бугарија.
По завршувањето на молебенот во 20.30 часот, во дворот на Црковниот храм Света Троица се одржа Духовна академија од Црковниот машки хор, Црковниот хор Свети Спасо Радовишки а свој настап имаше и кантавторот Јовица Илиќ .
Празнувањето на заштитникот на градот Радовиш „Св. Спасо Радовишки„ продолжи и денеска во храмот „Св. Троица“ со Божествена Литургија со која чиноначалствуваа тројцата владики Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, Викарскиот струмички епископ Г-дин Јаков Стобиски, митрополит Тетовско-Гостиварски Јосиф и свештеници од Брегалничката епархија.
По Литургијата беше организиран празничен ручек за сите верници во манастирот свети „Георгиј“ во Ораовица.
По духовната продолжува и вечерната културно забавна програма почнувајќи од 19:30 час. со отворање на ликовната изложба од Меѓународната ликовна колонија „Св.Ѓеоргија 2019“ и со фестивалот на староградски песни „Саноќ седам“ на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ со почеток во 20:30 часот.
И Овогодишното чествување на празникот „Св. Спасо Радовишки е во организација на Македонската православна цркава Општина Радовиш и центарот за култура Ацо караманов.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

