Радовиш
Електротехнички факултет во Радовиш ќе врши уписи на нови студенти и оваа година
Објавено на
Од
Media PressИ годинава Електротехнички факултет во Радовиш ќе врши уписи на нови студенти во учебната 2019/2020 академска година на насоката МЕХАТРОНИКА И РОБОТИКА.
Според објавениот конкурс за запишување на студенти во прв циклус на студии на Универзитет “Гоце Делчев”- Штип, Електротехнички факултет во Радовиш, предвидено е запишување на 20 редовни студенти со партиципација од 200 евра годишна партиципација (по 100 евра од семестар), 5 студенти во квотата со кофинансирање со годишна партиципација од 400 евра (200 евра од семестар), како и упис на 5 вонредни студенти со годишна партиципација од 400 евра или (200 евра од семестар).
Од факултетот ги информираат заинтересираните потенцијални идни студенти дека можат да го посетат Електротехнички факултет во Радовиш и да се информираат подетално како и да го разгледат објавениот конкурс т за прв уписен рок за прв циклус на студии на Универзитет “Гоце Делчев”- Штип, конкретно за упис во Радовиш.
Првиот уписен рок на Иниверзитетот Гоце Делчев, Штип ќе се одвива на 26, 27, 29 и 30 август и 02 септември.
При пријавувањето за запишување на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
пријава за запишување;
оригинални свидетелства од сите класови;
државна матура, меѓународна матура или училишна матура;
свидетелство за завршено средно образование;
извод од матичната книга на родените;
доказ за државјанство на РМ (уверение или решение).
Потврда за уплатени:
300 денари на жиро-сметка на Универзитетот за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно и уплата за административна такса од 50,00 денари;
500 денари на жиро-сметка на Универзитетот за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата и уплата за административна такса од 50,00 денари.
Право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование (кандидати со завршена државна матура; кандидати кои завршиле во претходните години пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, односно училишна матура) во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука, кандидати со завршено четиригодишно средно образование (со завршена училишна матура за кандидати кои завршиле во претходните години пред учебната 2018/2019 година), како и кандидати со завршено четиригодишно средно образование (со завршена меѓународна матура).
Поврзани содржини

Од денеска започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта

Објавен Конкурс за прием на студенти запишани во прва година на факултет, во државните и приватните студентски домови

Почна првиот уписен рок на УКИМ, ќе можат да се запишат вкупно 9719 студенти

Мицкоски на првиот академски час до студентите: Вие сте иднината, со конкретни проекти ќе го унапредиме образованието

Има интерес кај учениците за упис во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, се пријавиле околу 130 ученици

Уписната комисија во СОУ Коста Сусинов, Радовиш прави проверка на идентичноста на податоците од електронските апликации за упис
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

