Connect with us

Радовиш

Одлука за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2026/2027 год.

Media Press

Објавено на

Врз основа на чл.22, став 1, точка 8 од Законот за Локална самоуправа, чл. 43, став 1, од Статутот на општина Радовиш, член 11 од Правилник за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш бр.08-1884/1 од 26.12.2023 год., распишаниот Јавен конкурс бр.09-1285/1 од 21.10.2026 год. и Записник со ранг-листа бр. 09-1285/3 од 23.11.2026 год., доставен од Комисијата за доделување стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2026/27 год., Градоначалникот на општина Радовиш донесува,

                                  О Д Л У К А

За доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2026/2027 год.

Општина Радовиш доделува 16 (шеснаесет) стипендии за учебната 2026/2027 година, на 9 ученици од ООУ Крсте петков Мисриков, Радовиш, на 6 од ООУ Никола карев Радовиш и на 1 ученик од ООУ Коста Рацина Подареш.

VI одделение

1.Давид Јановски99Крсте П.Мисирков
2.Евелина Спасовски79Никола Карев
3.Лилија Митевска77Крсте П.Мисирков
4.Дарија Војовска76Крсте П.Мисирков

VII одделение

1.Мима Јованова114Крсте П.Мисирков
2.Марија Трајанов110Крсте П.Мисирков
3.Миа Тодорова110Никола Карев
4.Јован Божиков93Никола Карев

VIII одделение

1.Ања Лазаров94Крсте П.Мисирков
2.Душица Трајанова89Крсте П.Мисирков
3.Георгина Митевска88Крсте П. Мисирков
4.Антонела Димитрова87Коста Рацин

IX одделение

1.Трајче Филиповски116Никола Карев
2.Столе Јанковски100Никола Карев
3.Лиљана Стефанова90Крсте П. Мисирков
4.Бојана Бибовска84Никола Карев

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2.500 (две илјади и петстотини) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.

Општината ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

Истот кака Општина Радовиш доделува 5 (пет) стипендии за учебната 2026/2027 година на ученици запишани во 1 – ва година и 3 (три) стипендии на ученици од 2, 3 и 4-та година.

Ученици, запишани во I-ва година во СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш :

I – ва година од ООУ Крсте П.Мисирков  
1.Ива ЃоргиеваI94
2.Диљара СалиоваI85
I – ва година од ООУ Никола Карев  
1.Розита ЈовановаI91 
2.Марија НиколоваI72 
I – ва година од ООУ Коста Рацин
1.Анастасија ИлиеваI97

Општина Радовиш доделува 3 (три) стипендии за учебната 2026/2027 година на следните ученици во СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш :

II – ра година – СОУ Коста Сусинов  
1.Ива ДимитриеваII86
III – та година – СОУ Коста Сусинов  
1.Јана ЈовановаIII92 
IV – та година – СОУ Коста Сусинов
1.Вероника КостадиноваIV89

Висината на стипендијата за средното образование изнесува 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.

Општината ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

Општина Радовиш доделува 10 (десет) стипендии – по основ на социјален карактер, од Основните училишта и средното училиште.

За учебната 2026/2027 година, се доделува стипендија на следните ученици од основно и средно образование:

1.Илкнур ЗубероваII год.СОУ Коста Сусинов
2.Хира ЗуберVI одд.OOУК.П.Мисирков
3.Зорица КоцеваVI одд.OOУ Oрце Николов
4.Стефан ВасилевVI одд.ООУ Oрце Николов
5.Mила ТасеваVI одд.ООУ Коста Рацин
6.Ѓорги ГазеповI год.СОУ Коста Сусинов
7.Сара ТрајановаVII одд.ООУ Кирил и Методиј
8.Мелани ТимоваVIII одд.OOУК.П.Мисирков
9.Габриела ВучковаII год.СОУ Коста Сусинов
10.Анастасија КоцеваVIII одд.OOУ Oрце Николов

Висината на стипендиите по основ на социјален карактер 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година.

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.

Незадоволните кандидати имаат право на приговор во рок од 5 (пет) дена од денот на донесувањето на Одлуката на Градоначалникот на општина Радовиш.

Радовиш

Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш

Media Press

Published

на

Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.

На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од  употребата на индустриски градежни материјали  при  реставрација и реконструкција   на спомениците на култура. 

Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан. 

Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства  меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување  и афирмација на традиционалните градителски системи. 

ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“

Media Press

Published

на

Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе  обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство. 

Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.

На трибината се очекува учество на  имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот  македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.

Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.

Традицијата и културното наследство како темел и иднина. 

Учесници 

– арх. Никола Кипровски – Белгија 

Архитектура и некои природни материјали 

– проф, др. Минас Бакалчев 

Хроника на една школа:

Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017 

– проф. др. Донка Барџиева Трајковска 

Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви 

– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка  ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.

Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.

 Наставен тим:    проф. Виолета Бакалчев,

                               доц.  Бранислава Ѓорѓевиќ

                               доц.  Нина Карангелеска.

– арх. Викторија Митева

Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет

– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович 

–  СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР  – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје 

    арх. Ивана Цимешиќ

 –  Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра. 

–   маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ  Македонија 

    Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф. 

ПРАКТИЧНА НАСТАВА 

– Васила Трајковски – зограф и конзерватор  – средновековни градителски системи 

– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија –  сводови, куполи и арки 

 – Дејан Спасович скулптор и градител  – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен 

Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев 

Прочитај повеќе

Радовиш

Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија

Media Press

Published

на

На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.

При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе