Connect with us

Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СПРЕЧИЈА НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 2,8 ТОНИ НЕЈОДИРАНА СОЛ КОЈА Е ЗАБРАНЕТА ЗА УВОЗ

Media Press

Објавено на

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.

Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

прикажи повеќе

Македонија

Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка

Avatar

Published

на

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. 

На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка

Посебен акцент на разговорот беа економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес. 

Вицепремиерот Николоски додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови.

Се разговараше и за соработката во рамките на НАТО Алијансата и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Притоа беше истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена. 

Прочитај повеќе

Македонија

На свечена церемонија во Дубаи, на министерот Тошковски му беше врачена светската награда за проектот „Безбеден град“

Media Press

Published

на

На официјалната свечена церемонија за доделување на наградите World Police Summit Awards 2026, одржана во рамки на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски му беше врачена престижната меѓународна награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“.

Станува збор за значајно меѓународно признание за реформите што Министерството за внатрешни работи ги спроведува во областа на безбедноста на сообраќајот. Проектот „Безбеден град“ претставува системски пристап кон унапредување на сообраќајната безбедност, кој ги обединува современите технологии, законските измени, автоматската детекција на прекршоци и дигитализацијата на постапките, со крајна цел намалување на сообраќајните несреќи и заштита на човечките животи.

Во рамки на Светскиот полициски самит, министерот Тошковски ја имаше честа да се обрати и на воведните обраќања (Welcoming Speeches), пред меѓународни полициски претставници и учесници на самитот.

Во своето обраќање тој ја нагласи важноста на меѓународната соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици, истакнувајќи дека иако надлежностите на државните институции имаат национални граници, последиците од нивното дејствување или недејствување ги надминуваат тие граници.

Како конкретен пример за успешна меѓународна соработка, министерот ја посочи заедничката истрага на македонската полиција и ФБИ против нелегалната онлајн платформа OLVX, поврзана со трговија со украдени лични податоци и алатки за сајберкриминал. Тој потенцираше дека активностите преземени во Македонија придонеле за дигиталната безбедност на граѓани во Соединетите Американски Држави.

Screenshot

Прочитај повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе
Advertisement