Култура

„Ние и кога умираме треба да пееме“ – Ацо Караманов

Кратки биографски податоци за Ацо Караманов

Ацо Караманов е роден на 31 јануари 1927 година во Радовиш, како најстаро дете во семејството на Софија и Васил Караманови. Кога имал само три месеци, семејството го напуштило родното место поради службата на таткото и отишло прво во Белград, а потоа и во други места низ Србија, за во селото Велико Орашје да се задржи повеќе години.

Таму, Ацо го завршил основното образование и, благодарение на способниот учител, кај малиот Караманов рано се јавила љубовта кон литературата.

Своите први стихови тој ги сочинува уште во второ одделение, но тие први поетски обиди не се сочувани (самиот подоцна ги уништил). Согледувајќи ги неговите предиспозиции, учителот лично го одвел да го полага приемниот испит во гимназијата во Смедерево, кој го положил со одличен успех.

Во прво време тој живеел сам со мајка му во Смедерево, а потоа, кога таткото добил служба во Скопје, се преселиле таму. При крајот на учебната 1937/38 година се запишал во Првата машка скопска гимназија.

Покрај редовното образование, Ацо самостојно и систематично работел врз своето книжевно образование. Совладувал огромен фонд од светската литература, а забелешките и сопствените критики за прочитаното ги запишувал во посебна тетратка, т.н. „Лектира“. Татко му, иако семејството имало скромни приходи, му купувал голем број книги од југословенската и светската класика. Така, Караманов уште на 12–13-годишна возраст се приврзал за „Одбраните дела“ на Достоевски, а ги читал и филозофите: Кант, Ниче, Хегел, Шопенхауер и други.

Веќе во 1941 година се вклучил во СКОЈ и активно учествувал во растурање летоци и други акции. Кон крајот на мај 1944 година семејството преминува да живее во родниот Радовиш. Таму Ацо продолжува со трескавото пишување и читање, секојдневно го води својот дневник, а истовремено е активен и во политиката. Во однос на неговиот став сведочи Вера Христова, пренесувајќи ги неговите зборови:

„Не сакам да ме врзувате за таму некакви си состаноци. Јас сум си по природа напреден човек и комунист. И тоа го покажувам на дело, повеќе отколку вие.“

Таа му се лутела што тој учел германски, но тој реагирал:

„Добро, јас учам и руски, не само германски, но тоа го правам бидејќи постојат не само германски нацисти и окупатори, туку и писатели како Шилер и Гете и дека, за да ги почувствувам, морам да ги читам во оригинал, бидејќи Шилер и Гете не се фашисти.“

Филозофите силно влијаеле врз неговите сфаќања за воените дејствија и затоа тој се колебал дали да им се придружи на партизаните. Сепак, на крајот моралниот аспект превладал, бидејќи тој не можел да замисли да го избегне ризикот од директното учество. Така, на почетокот на септември 1944 година се придружил на Тринаесеттата македонска народна бригада, каде партизанувал само 32 дена, се до неговата херојска смрт во ноќта меѓу 7 октомври 1944 година, во борбата против германските фашисти кај селото Смојмирово, Беровско. Бил тешко ранет кога извршувал извидничка акција и потоа ѕверски избоден со бајонети од германските војници, на денот кога го испејал и последниот стих „Ние и кога умираме треба да пееме“.

НИЕ СМЕ БЕЗБРОЈНИ

Безбројни сме ние и во нас

металниот повик на бурата ѕвони

со бодрост, со младост и со вера

обземани сме ние, деца војноборни.

Со раце надежни и железни гради

во кои виорот на бурата пее

со жарот на нашите срца млади

чекаме борбата да зататни.

Нашата борба ќе биде моќна

громовно таа ќе збори

за се што нашите срца кријат

за се што во нас гори.

Од нашите раце ќе запее трудот наш

ќе биде тоа песна низ времиња носена

во најмачни беди задоена, одгалена

во таа пламена, лута борба родена.

И кога ќе заблеска бесниот урагани

куршумите кога ќе загрмат клето

нашата љубов кон оваа земја

ќе им ја кажеме на сите во светот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Роман Јованов ја доби втората награда на конкурсот 53. Караманови поетски средби

Младиот поет Роман Јованов ја освои Втора награда на конкурсот за детска поезија во рамки…

6 часа ago

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за обновување и одржување на семафорската сигнализација

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за тековно одржување, санација и подобрување на функционалноста на…

1 ден ago

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 дена ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

2 дена ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

2 дена ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

5 дена ago