Македонија
Православните верници денеска го слават празникот СВЕТА ПЕТКА, ПАРАСКЕВА ИЛИ ПЕТКОВДЕН
Објавено на
Од
Media PressНа 27-ми октомври, верниците од цела Македонија го слават денот посветен на Света Петка, Параскева или познат како Петковден. Народот верува дека оваа светица ги чува луѓето од несреќи како суша, поплави и громови, а жените, пак, ги штити од неплодност. По тој повод во црковниот храм Света Троица во Радовиш се одржа Света божествена литургија.

Света Петка Епиватска била родена во Епиват, кон крајот на X век, во петок кога Евреите се подготвуваат за празнување на денот Сабат (сабота), па затоа го носи името Параскева, што во превод значи подготовка.
Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка имале и син, Ефтимиј, кој се замонашил и станал епископ Малитски.
По смртта на родителите, девицата Петка, го напуштила родителскиот дом и отишла прво во Цариград, а потоа во јорданската пустина, каде што останала сѐ до својата старост и живеела искушенички живот, со молитви, пост и плач.
Пред смртта ангелот божји ѝ се јавил и ѝ рекол да се врати во родното место и да ја напушти пустината. Таму живеела 2 години, а кога починала, бидејќи жителите на местото не ја познавале, ја погребале надвор од градот како туѓинка.

Неколку години подоцна, кога во градот требало да се погреба телото на некој непознат давеник, жителите го погребале веднаш до телото на светицата.
Кога го отвориле гробот, работниците биле изненадени од тоа што нејзиното тело не е распаднато.
Ноќта по погребот на давеникот, на еден од работниците што го извршувале погребот, му се сонила царица која го прашала зошто така го омаловажиле нејзиното тело и до неа ставиле смрдлив труп, па побарала веднаш да ги извадат нејзините мошти и да ги пренесат на друго место.
Затоа до денес се верува дека Св. Петка се јавува на сон за да даде утеха или предупредување.

По ова моштите биле пренесени во црквата на Светите апостоли Петар и Павле во Епиват, а оттаму повеќепати биле пренесувани од едно место на друго: Во Трново, Бугарија (заради што ја нарекуваат и Трновска), потоа во Влашко, па во Белград и Цариград, за на крај да бидат пренесени во градот Јаш во Романија, каде се изложени и денес, а голем број верници доаѓаат да се поклонат пред моштите за кои се верува дека не се распаѓаат.
Култот кон Света Петка е многу раширен и кај Македонците, а голем број лековити извори во нашата земја го носат нејзиното име и се верува дека се лековити води.
Христијаните слават три светици со истото име – првата е преподобната маченица Параскева Римјанка, која се празнува на 8-ми август, втората е Света Параскева од Иконија, која се празнува на 10-ти ноември, а на 27-ми октомври се слави Свети Петка Епиватска или Трновска, која е најпозната од трите светици.
Денешниот ден е познат и како Петковден или Црна Света Петка, бидејќи на иконите светицата секогаш била облечена во црно
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

