Македонија

Чиста, безбедна и уредена Општина Босилово – продолжуваме со теренските активности!

Чиста, безбедна и уредена Општина Босилово – продолжуваме со теренските активности!

Општина Босилово продолжува со интензивни работни акции насочени кон подобрување на животната средина, инфраструктурата и секојдневните услови за живот на нашите граѓани:

• Поставување на одводни цевки во населените места Еднокуќево и Робово, со цел подобро справување со атмосферските води и подобрување на пропусната моќ.

• Расчистување и потрупување на диви депонии во Еднокуќево, Робово и Босилово, вклучувајќи ја и локацијата во Еднокуќево каде неодамна се интервенираше по пожарот, за почиста и поздрава околина за сите.

• Чистење на јавни површини и атмосферски канали во Босилово, со цел заштита од задржување на вода и одржување на урбаната хигиена.

Општина Босилово апелира до сите граѓани да ја чуваат заеднички животната средина, да не создаваат нови диви депонии и заедно да придонесат за поубаво место за живеење.

„Грижата за општина Босилово е наша заедничка одговорност!“

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago