Македонија

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

Просечната откупна цена на тутунот од годинешната реколта се очекува да надмине 420 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во обраќањето на денешниот Форум за ориентален тутун на Меѓународната асоцијација на тутунопроизводители (ITGA) во Прилеп.„Министерството ја координира подготовката на откупот за да се обезбедат прецизни договорни услови, транспарентна проценка и навремено исполнување на обврските од страна на откупувачите.

„Ве уверувам дека надлежните служби доследно ќе ги применуваат законските овластувања и ефикасно ќе постапуваат во заштита на правата на производителите“, истакна министерот Серафимовски.Тој најави дека, како дополнување на приходот од продажбата, тутунарите можат да очекуваат субвенции од 80 денари по килограм за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа, издвојувајќи ги економската одржливост на стопанствата и вреднувањето на квалитетот како приоритети во спроведувањето на Стратегијата за производство на тутун за периодот 2021–2027 година.

„Високите температури и сушата влијаат врз приносот и својствата на листот на тутунот, особено кога овие климатски фактори дејствуваат истовремено. Затоа приспособувањето кон овие промени ќе го вградуваме во планирањето на производството, со препораки кои ќе се засноваат на научни сознанија и локални мерења“, рече министерот Серафимовски, притоа нагласувајќи ја соработката со Научниот институт за тутун во Прилеп и со Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во креирањето на развојни политики како одговор на предизвиците кои произлегуваат од климатските промени.

Осврнувајќи се на економското значење на секторот, тој посочи дека тутунопроизводството ангажира приближно 18.000 земјоделски стопанства, а извозот на тутун и преработки од тутун создава годишен девизен прилив од околу 140 до 150 милиони евра, посочувајќи дека развојните политики се спроведуваат со целосна почит кон политиките за јавно здравје и меѓународните обврски на државата.

„Мерките за поддршка ќе ги усогласуваме со движењата на пазарот, а на тутунарите навреме ќе им обезбедуваме информации за побарувачката и условите за откуп, за полесно да ги планираат површините што ќе ги засадат, а со тоа и потребните вложувања“, порача министерот Серафимовски.Форумот за ориентален тутун во Прилеп го организираа ITGA и Сојузот „Мака на тутуноберачите“, а на него учествуваа тутунопроизводители и претставници на Меѓународната унија на производители на тутун (UNITAB), научната заедница и откупувачи на тутун.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago