Радовиш

ООУ „Никола Карев“ – Радовиш реализира хуманитарна акција за донација на храна за најранливите категории граѓани

ХУМАНОСТА ПОЧНУВА СО МАЛИ ДЕЛА!

По повод 16 Октомври – Светскиот ден на храната, Активот на VIII одделение и Ученичкиот парламент при ООУ „Никола Карев“ – Радовиш реализираа хуманитарна работилница и акција за донација на храна за најранливите категории граѓани.

Преку работилницата, учениците ја покажаа својата хуманост, солидарност и подготвеност да помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Собраната храна, во соработка со Црвениот крст, ќе биде донирана за поддршка на лицата и семејствата во социјален ризик.

„Преку ваквите активности учениците учат дека хуманоста се гради со мали, но значајни дела, а споделувањето и грижата за другите се вистински вредности што нè обединуваат.

Заедно можеме повеќе! Да споделуваме добрина и да шириме насмевки!

Голема благодарност до сите ученици, наставници и родители кои ја поддржаа акцијата и придонесоа за нејзината реализација!“ соопштуваат од училиштето.

Координатори: Наставниците од Активот на VIII одделение .

Наташа Динев – координатор на Ученичкиот парламент.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago