Македонија

Миле Цеков: ЛУЃЕ, ВО КАКОВ ЦИРКУС ОД ДРЖАВА ЖИВЕЕМЕ ?

ЛУЃЕ, ВО КАКОВ ЦИРКУС ОД ДРЖАВА ЖИВЕЕМЕ ? Целата јавност е преокупирана со еден трагичен сообраќаен настан со смртни последици, (мислејќи на Ива Михаилова) настан што никој не го посакува, вели пратеникот Миле Цеков, во својот пост на социјалните мрежи, со кој алудира дека власта го дефокусира народот од реалните проблеми.

„СЕ СПРОВЕДУВА ЕДНА МНОГУ УСПЕШНА СТРАТЕГИЈА – ФРЛАЊЕ ПРАШИНА ВО ОЧИ И ДЕФОКУС ОД РЕАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ! И мора да признаеме, оваа стратегија функционира беспрекорно!

Деновиве целата јавност е преокупирана со еден трагичен сообраќаен настан со смртни последици, настан што никој не го посакува и за кој мора да има правда и одговорност. Бог да го прости починатиот!

Но, луѓе мои, дали некогаш сте се запрашале КОЛКУ ЛЕСНО НИ ГО МЕНУВААТ ФОКУСОТ?

Заборавивме на 63 ангели од Кочани, кои ги проголта дискотеката наречена „македонски систем“. Нивните семејства сè уште чекаат правда!

Слободата на Артан Груби ја прославивме со зурли, тапани и огномети! Уште црвен тепих фалеше да му постелеме!

Аферата со мазутот и „Пуцко петрол“, тешка 170 милиони евра ? Кој прашува, кој одговара?

Аферата со петте тони марихуана ни ја претставија како да гледаме нова сезона од „Долина на волците“! Камери, спектакл, акција… ИМА ЛИ НЕКОЈ ВО ЗАТВОР ?

Во Гостивар, во 21 век, граѓаните речиси еден месец пиеле фекалии, тоа го заборавивме како ништо да не било!

Секојдневно се труеме од загаден воздух, диви депонии и ѓубре на секој чекор, дојдовме до тоа да се радуваме кога некој ќе ни го собере ѓубрето! Каков историски успех, браво!

Народот преживува од први до први, со најниски плати, со кредити, со камати, со минуси на сметки, брзиот кредит стана побрз од платата!

500 милиони евра завршија за бекатон плочки, тендери за фирми блиски до власта и кредити за анонимни бизнисмени! А народот? Народот нека брои ситни пари за да го истурка месецот додека некои од обични голтари ќе бидат идни милионери !

И знаете што е најтрагично?

Ние веќе не бараме подобар живот, почнавме да се радуваме на најосновните работи!

Драги мои сограѓани,

Ова не се проблеми на една современа европска држава во 21 век, ова е лудило кое предолго го живееме!

И додека ние секој ден расправаме за новата тема што ни ја сервираат, старите проблеми си остануваат, а сметката секогаш ја плаќа истиот човек — народот!

Еден ден мора да се стави крај. Зашто државата не е циркус, а народот не е публика што вечно ќе аплаудира!“ стои во објавата на пратеникот Цеков.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago