Македонија
МЗШВ објави ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 43 патролен шумски полицаец
Објавено на
Од
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен оглас на неопределено време за вработување на 43 (четириесет и три) овластени службени лица во Сектор за шумска полиција на работно место патролен шумски полицаец.
Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатото се да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да е физички и психички способен за вршење на работата во шумската полицаја, со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, да има завршено најмалку средно образование, со или без работно искуство, да е подобен за носење оружје согласно на проиписите за поседување на оружје и да има уверение за положен испит за шумски полицаец (вработениот во рок од една година има обврска да се стекне со уверение за положен испит за шумски полицаец, во спротивно му престанува вработувањето).
Работни денови од понеделник до недела, 40 работни часови дневно, работ во три смени. Нето плата 36.246 денари месечно.
Линк до оглас: Јавен Оглас број 1/2026
Поврзани содржини

МЗШВ: Од Турција се обезбедени 500.000 вакцини, кои се очекува да пристигнат деновиве

МЗШВ: Исплатени се над 260 милиони денари на над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство

Општина Радовиш објави Јавен оглас за ангажирање на евидентирани невработени лица во Програмата Општинско – корисна работа за период од 6 месеци

Општина Радовиш ќе ангажира 6 лица за Општинско-корисна работа, објавен е Јавен Оглас кој ќе трае до 04 август

МВР објави Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници

Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

