Connect with us

Македонија

Николоски: Инвестициите во железницата се реализираат одлично. Работиме на пругата кон Исток и на брзата пруга на Коридор 10

Media Press

Објавено на

Тендерот за изградба на третата фаза за пругата кон Бугарија е веќе објавен на страната за јавни набавки на ЕУ. За тунелот, работните групи на Македонија и Бугарија веќе технички работат, додека проектот за брза пруга на Kоридор 10 се реализира согласно договорената динамика и рокови, објасни, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интеврјуто за “Радио Лидер”. 

“ За третата секција, најкомплицираната од Крива Паланка, односно таа треба да оди под Крива Паланка -тунелот е најголем што го има под градот, до влезот на меѓуграничниот тунел, веќе тендерите се објавени. Oбјавени се на официјалниот систем за јавни набавки на Европската Унија и ова е потврда за проектот што е големо признание за работата на Македонски Железници Инфраструктура и на Владата, што значи дека водите процес што е транспарентен. Знам дека ова на Венко Филипче, на Зоран Заев им е тешко за сфаќање, ама еве се случува. Рокот за доставување понуди е четири месеци и завршува на 20 јануари. После тоа одиме во процес на евалуација кој што очекувам да биде некаде околу деведесетина дена, односно три месеци и тоа би значело дека некаде крајот на април месец би требало да имаме избрано изведувач којшто би требало веќе од мај-јуни да почне да ја гради третата фаза“  – истакна Николоски. 

Тој потенцираше дека втората фаза од Бељаковце до Крива Палана се очекува да се заврши 2028 година.

“ Рокот за завршување е до 2028 година, имајте предвид дека во моментов прогресот на работите е 40%, тоа што ќе го стигнеме во рок. Месечна динамика веќе оди на некаде помеѓу 2 и 2,5%, што значи дека стигннуваме до крајот на 2028 година, што ќе е прв видлив бенефит за македонскиот граѓанин, затоа што ќе има веќе меѓуградски воз кој што ќе сообраќа на линијата Скопје – Куманово – Крива Паланка”- истакна Николоски. 

Во однос на брзата пруга на Коридор 10, вицепремиерот Николоски потенцира дека се работи согласно зададените рокови.

“Рокот беше до 31-ви август да бидат завршени сите студии, вкупно 6 студии се и истите се завршија во рок. Сега  влегуваме во финалната фаза, а тоа е избор на куќа која што ќе биде заемодавател. Заемопримател веќе имаме, тоа е Македонски Железници Инфраструктура и избор на Изведувач. Зависно од собраниските процедури кои што единствени се вон моја и на Владата надлежност и зависно од временските услови ќе почнеме со активности на терен минимум март и април идната гoдина“ рече Николоски.

Во однос на каматите тој истакна дека за овој проект ќе се плаќа најниска камата во целиот регион и најниска камата за било кој инфраструктурен проект  сработен во државата.

Министерство за транспорт 

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе