Македонија
Скупи Камерфест 2026 – пет концерти камерна музика, 10 октомври – 5 ноември, Скопје
Објавено на
Од
Media Press
Во периодот од 10 октомври до 5 ноември 2026 година, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да проследат пет врвни концерти со учество на истакнати уметници од Австрија, Шпанија, Франција, Италија, Јапонија, Косово и Северна Македонија.
Сите концерти ќе се одржуваат во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со почеток во 19:30 часот. Влезот за сите настани е слободен.

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ
- 10 октомври – „Виенска каприча“
- Изведувачи: Гернот Винишхофер – виолина (Австрија) и Денис Јаворски – пијано (Австрија)
- Репертоар: Дела од В. А. Моцарт, А. Землински, Ф. Крајслер
- 12 октомври – „Шпанската труба“
- Изведувач: Виценто Кампос – труба (Шпанија)
- Гости: Стефан Илиев – труба (Северна Македонија) и Авни Красники – труба (Косово)
- Репертоар: Дела од А. Вивалди, Х. Прадас, Ј. Хајдн, Х. Родриго
- 16 октомври – „Со живост“
- Изведувачи: Вадим Чицик – виолина (Франција) и Нита Груби – пијано (Северна Македонија)
- Репертоар: Дела од Ф. Менделсон, А. Дворжак
- 23 октомври – „Два гласа, четири раце“
- Изведувачи: Сугико Чинен – пијано (Италија/Јапонија) и Лука Арналдо Мариа Коломбо – пијано (Италија)
- Репертоар: Дела од Е. Григ, Ф. Шуберт, Ѓ. Росини, Ѓ. Пучини
- 5 ноември – „Песна без зборови“
- Изведувачи: Аматис Трио (Австрија) – Леа Хаусман (виолина), Самуел Шеферд (виолончело) и Менџи Хан (пијано)
- Репертоар: Дела од Ф. Шуберт, Ф. Менделсон

Уметнички директор на фестивалот е Блерим Груби. Скупи Камерфест е престижен член на Европската асоцијација на фестивали (EFA).
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

