Connect with us

Uncategorized

Обраќање на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на настанот што се оддржува во Брисел “Западен Балкан – Источен Медитеран”, посветен на транспортните коридори

Media Press

Објавено на

Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори  8 и 10 што поминуваат низ Македонија.  Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, а работиме и на воведување на ИТС системи на патниот дел. Заедно со соседите работиме и на проширување на граничните премини, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на  глобалниот настан “Денови на поврзување на Европа”  што се оддржува во Брисел.

На панелот посватен на Западен Балкан – Источен Медитеран, заменик претседателот на Владата, Николоски, го потенцира политичкото и економско значење на коридорите и инвестициите што се реализираат во Македонија.  

 “ На Коридорот 8 на источното крило, инвестираме во автопати и железницата. На автопатскиот дел го завршивме првиот дел, а вториот дел очекуваме да започне следната година заедно со Европската Унија и Европската инвестициска банка како водечка финансиска институција, за што благодарам за одличната соработка. Што се однесува до железницата, има три делници: ја завршивме првата делница, втората е во изградба и треба да ја завршиме до крајот на 2028 година. Минатата недела, повторно заедно со ЕИБ, ја започнавме постапката за набавка за избор на изведувач за изградба на третата делница- најтешката фаза од железничкиот коридор. Таа е со должина од само 23,1 километар, но 75% од неа се објекти — над 20 тунели и 56 мостови, што покажува колку е тежок проектот. Таа минува зад еден пограничен град и влегува во заедничкиот тунел што ќе го градиме заедно со Бугарија. Ова е една од ретките позитивни вести што ги имаме во моментов со Бугарија — минатиот ноември потпишавме заеднички меѓувладин договор за изградба на овој прекуграничен тунел кој треба да го отвори целиот Коридор 8. Доколку сè оди по планот, за 5 години од изборот на изведувач до 2031-2032 година треба да имаме целосна железничка врска меѓу Скопје, Софија, Бургас, Варна и Одеса.  

На западната страна работиме со ЕУ и партнерите за реконструкција на постојната железница и изградба на делот што нè поврзува со Албанија. Албанија исто така прави одлична работа и инвестира многу и во автопати и во железницата. Со тимска работа, со истата цел можеме да ја постигнеме до 2031-2032 година за целосна автопатска и железничка врска со Албанија, што значи дека наскоро ќе можеме да патуваме со автомобил или воз од пристаништето Драч до Бургас и Варна преку Скопје”- истакна Николоски.   

Тој пред присутните потенцира дека на железничкиот коридор 10 се работи на проектот за изградба на двоколосечна брза пруга за патнички возови од 160 до 200 км на час и за карго возови до 120 км на час. Додаде дека  се работи и на проширување на граничните премини и воведување на Интелегентни транспортни системи. 

“ Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија. На Коридорот 10 работиме на првиот целосно дигитален автопат со воведување Интелигентен транспортен систем (ИТС) во соработка со ВБИФ. Пред три недели заедно со колегите од Косово започнавме нова автопатска врска -дел од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и пристаништето Бар во Црна Гора, која очекувам да биде изградена за три години. Денес директорите на железничките компании од двете земји се состануваат во Приштина за заедничка железничка врска, а следната година би можеле да имаме меѓуградски воз Приштина-Скопје кој ќе патува 50 минути”- додаде Николоски.

Истакна дека набавени се нови 150 електрични автобуси, а во тек е постапка за набавка и за 5 електрични локомотиви и 5 до 7 патнички возови. Го најави започнувањето на изградба на новиот автопат Букојчани -Кичево што ќе се започне за десетина дена. 

прикажи повеќе

Uncategorized

УРОЛОШКАТА КЛИНИКА Во Скопје станува регионален центар за едукација и обука на уролози од регионот

Media Press

Published

на

На 2 ноември, Клиниката за урологија ја презеде улогата на меѓународен едукативен центар, отворајќи ги своите врати за уролози од Бугарија, Србија, Косово и Албанија. Тие имаа можност да се запознаат со најсовремените хируршки методи во решавањето на уринарната инконтиненција и еректилната дисфункција со помош на уролошки импланти или протези.

Во рамките на еднодневната програма беа изведени три операции пред присутните уролози: имплантација на трикомпонентна пенилна протеза и два зафати за вградување вештачки уринарен сфинктер кај мажи. Покрај директната опсервација на операциите, учесниците имаа можност да научат повеќе и за изборот и подготовката на пациентите, видовите на импланти, начините на нивно вградување, како и можните постоперативни компликации.

Операциите и едукативната програма ги изведуваше проф. д-р Огнен Ивановски.

Оваа меѓународна едукативна хируршка сесија претставува значајен чекор во развојот на македонската урологија и потврда дека домашната медицинска експертиза не само што ги следи современите светски достигнувања, туку активно придонесува за нивно споделување и унапредување во регионот. Клиниката и во иднина ќе продолжи да биде центар за едукација, обука и стручно усовршување на уролози од регионот во оваа област.

Министерството за здравство ја поздравува оваа иницијатива и го изразува своето признание за стручниот ангажман на тимот на Универзитетската клиника за урологија и директорот д-р Башким Шабани, како и благодарност до Фондот за здравствено осигурување за поддршката во унапредувањето на нашиот здравствен систем.

Прочитај повеќе

Uncategorized

Од полноќ, повисока цена на горивата

Media Press

Published

на

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95       93,00  (денари/литар),
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98       95,00  (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       100,00  (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   110,00  (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС       55,573 (денари/килограм),

Прочитај повеќе

Uncategorized

Предности и недостатоци на долгорочното владеење

Avatar

Published

на

Предности (Ако власта е ефикасна и со визија)

  • Стратешка стабилност и предвидливост: Долгорочниот мандат овозможува планирање и реализација на крупни инфраструктурни и капитални проекти кои бараат повеќе години за завршување (патишта, енергетски системи, реформи во образованието).
  • Континуитет во политиката: Нема чести прекини или менување на правецот поради промена на влади, што може да привлече странски инвеститори и да создаде сигурност во економскиот систем.
  • Искуство и институционална меморија: Раководството и администрацијата стекнуваат длабоко знаење за функционирањето на системот, што теоретски треба да носи побрзи и помдри одлуки.

Недостатоци (Ризиците на долгото владеење)

  • Апсолутна моќ и ерозија на институциите: Според познатата максима на Лорд Актон, „моќта корумпира, а апсолутната моќ корумпира апсолутно“. По 14 години, границите меѓу партијата, државата и институциите често се бришат.
  • Загуба на чувство за реалност (изолација на власта): Раководството и луѓето околу него влегуваат во „политички меур“ и престануваат да ги слушаат вистинските потреби и критики на граѓаните.
  • Отсуство на алтернатива: Долгорочната власт создава перцепција кај јавноста дека промената е невозможна, што ја убива политичката и општествената конкурентност.

2. Важни прашања и дилеми

Ако лидерот е добар, дали соработниците прават злоупотреби?

Да, и тоа е една од најчестите појави. Дури и кога првиот човек на власта има искрени намери и е чесен, по 14 години власт се создава мрежа од интереси, лојалност и клиентелизам.

  • Луѓето блиски до власта (функционери, бизнисмени, партиски кадри) често ја користат позицијата на лидерот како „чадор“ за лични збогатувања и злоупотреби.
  • Лидерот, поради замор, затвореност во кругот на соработници или потреба од политичка поддршка, често замижува пред овие појави или нема механизми (или волја) да ги санкционира навреме.

Што значи ако за некои е добро, а за други не?

Во општество со долготрајна власт често се раѓа поделба на „победници“ и „поразени на транзицијата/системот“:

  • За привилегираните: Тие што се дел од партиската структура, клиентелистичката мрежа или добиваат тендери и позиции, сметаат дека периодот е златно доба. За нив стабилноста значи сигурност и профит.
  • За оние за кои не е добро: За останатите, кои не припаѓаат на тие кругови, овој систем значи неправда, нерамноправни шанси за вработување (каде партиската книшка е поважна од знаењето), економска маргинализација и губење на надежта. Во демократските општества, власта треба да работи за сите граѓани, а не само за својата база.

Што значи да се чека 14 години за промени?

Времето е најскапиот ресурс на човекот. Да се чека 14 години за нешто да се промени или подобри значи:

  • Изгубени генерации: Една цела генерација млади луѓе може да го помине својот образовен и работоспособен век во систем кој не им нуди перспектива, што води до масовно иселување (одлив на мозоци).
  • Нормализација на проблемите: Луѓето се навикнуваат на лошите состојби, мислејќи дека „секогаш било така“ и дека ништо не може да се промени.
  • Губење на демократскиот капацитет: Демократијата е здрава кога има цикличност и менливост на власта. Кога еден субјект владее 14 години, граѓаните стануваат потчинети набљудувачи наместо активни учесници во носењето одлуки.

Заклучок: Колку и да имало поединечни позитивни резултати во еден 14-годишен период, цената што ја плаќа институционалниот систем, општествената кохезија и демократската култура обично е многу висока. Затоа во современите демократии постојат ограничувања на мандатите (на пр. максимум два мандата или 8 години), токму за да се спречат овие негативни последици од долготрајното вршење на власта.

Прочитај повеќе