Македонија
БУДЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ДОСТА Е ПРЕЖИВУВАЊЕ, ВРЕМЕ Е ЗА БОРБА! 30 септември, во 11:00 часот Тополчани – Пелагонија
Објавено на
Од
Media Press
Национална земјоделска мрежа повикува на ПРОТЕСТ на 30 септември 2026 година во 11:00 часот Тополчани – Пелагонија
„Почитувани колеги, земјоделци од сите краеви на Македонија. Секојдневно ја делиме истата горчлива судбина. Додека со мачна работа, пот и неограничено одрекување ја обработуваме земјата и создаваме храна, нашиот труд секојдневно се обезвреднува.
Катастрофалните состојби во сите сектори на македонскиот аграр достигнаа критична точка од која нема враќање назад.
Денес, секој од нас се соочува со сурова вистина доведени сме на раб на егзистенцијата, а нашите семејства се доведувани до елементарен опстанок.
Нема повеќе оправдувања, нема повеќе чекање!
Доста беа празни ветувања, лажни субвенции, увозни лобија кои го уништуваат домашниот производ и откупни цени кои едвај ги покриваат основните трошоци. Секој молк, секој изговор и секое останување дома во деновите кога се одлучува за нашата судбина, значи директно поддржување на пропаста на македонското земјоделство.
Колеги, земјата е наша, трудот е наш, а одговорноста за иднината на нашите деца е во наши раце. Немаме право на оправдувања!
30 септември 2026 година во 11:00 часот Тополчани – Пелагонија
Целта на протестот е да испратиме силна, недвосмислена порака до Владата и институциите дека состојбата повеќе не се толерира
Бараме итен и безусловен прием во Владата каде јасно и директно ќе ги изнесеме сите наши проблеми, барања и решенија.
Крај на катастрофалните политики во аграрот и итна заштита на домашниот земјоделски производител.
Националната земјоделска мрежа излегува со свои претставници и членови од сите региони и сектори.
Но, за овој глас да се слушне до највисоките институции, потребен е секој еден од нас!
Излези од нивата, остави ја алатката за еден ден и придружи се! Ако не го кренеме гласот сега, утре нема да постоиме како земјоделци. Сложно, масовно и без колебање – за спас на македонскиот аграр“ стои во објавениот повик од НЗМ.
Поврзани содржини

Крмов: Власта ги уништува малите земјоделци за да ги помогне големите!

Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

На 1-ви Мај, некои правеа скара во природа, некои заминаа на море, а некои протестираа

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

НЗМ: На кој начин ќе добијат субвенции овоштарите и лозарите во период од садење до плодоносење на овошките

Трипуновски од Струмица: Зголемување од 15% на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

