Министерот Серафимовски со реакција на предлог-закон на СДСМ за
подршка на земјоделците.
„СДСМ денес се обидува да глуми
спасител на земјоделството што со години системски го ослабуваше и уништуваше.
Зад нивното владеење останаа натрупани неисплатени обврски, несигурен откуп,
производство без предвидливост и земјоделци принудени секоја сезона да живеат
во понижувачка неизвесност и да чекаат нова интервентна мерка. Сега, наместо
политичка одговорност за таквиот модел, нудат уште една негова верзија, која не
ги отстранува причините поради кои проблемите се повторуваат“, вели
министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.
„Предлог-законот
за финансиска поддршка за намалување на последиците од економската криза во
2026 година врз производството и откупот на земјоделските производи е очаен
обид со еднократни исплати да се покријат последиците од нивното управување со
лозарството, градинарството, поледелството, оризопроизводството и сточарството.
Законот за
вино, донесен во времето на СДСМ, е највидлив доказ за слабоста на нивниот
пристап. Тој не воспостави рамноправни односи меѓу производителите и
откупувачите, не обезбеди предвидлив пласман и дозволи неизвесноста да се
повторува пред секоја берба.
Уште
поопасно е што со предложениот модел сакаат да го одржат во живот фиктивното
производство, оставајќи простор за двојно прикажување на количините и
злоупотреба на субвенциите. СДСМ да не се надева дека преку нови предлози ќе го
продолжи системот во кој фиктивните производители профитираат на грбот на
чесниот и вреден македонски земјоделец.
На тој модел
му ставаме крај. Државната поддршка повеќе нема да биде плен за ловците на
субвенции, туку развоен инструмент за земјоделците што навистина произведуваат.
Со новиот Закон за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој е во
завршна фаза на подготовка, темелно го менуваме системот што СДСМ го остави зад
себе.
Јавно
порачувам дека завршува времето на фиктивни површини, непрегледни исплати и
политичко тргување со земјоделската мака. Воспоставуваме систем во кој секој
денар ќе следи реално производство, а чесниот труд на македонскиот земјоделец
ќе биде заштитен, почитуван и соодветно вреднуван“, вели
Серафимовски во ФБ објава.
Од Месно здружение на Млади Муртино претходно реагираа на
социјалните мрежи:
„ Ако министерот и министерството се иззема од одговорност како што тоа го кажува конкретно за договорот од 11.08. за кој излезе на прес конференција и ги соопшти цените кои што мора да се почитуваат, тогаш како и кој ќе го контролира тоа планирано производство за кое што зборува за во иднина?! Без празни зборови, на седница на влада предложете
дополнителна
финансиска
помош 10ден/кг за производителите на куртовска капија!“