Од 1 до 3
октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за
архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини
архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и
уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување
и афирмација на културното наследство.
Во текот на
тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се
реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски
системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината
се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање
ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од
еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и
организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со
поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф
Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх.
Никола Кипровски – Белгија
Архитектура
и некои природни материјали
– проф, др.
Минас Бакалчев
Хроника на
една школа:
Архитектонска
летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др.
Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките
на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат
студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при
Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во
Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема:
проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во
локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку
студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на
односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен
тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација
на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ
универзитет
– Проекција
на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН
СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
–
Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски
јадра.
–
маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и
современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги
Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
–
Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со
глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев