Изведба на балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков
На 19
септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет
ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое
ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност.
Базирана на мотивите од „Илјада и
една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската
палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил
Крапивин,
со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на
Маја Бурсаќ од Србија,
концерт-мајстор е Верица Ламбевска.
Балетската приказна ќе
ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, солисти,
балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Балетот
„Шехерезада“, инспириран од легендарните приказни од збирката „Илјада и една
ноќ“, претставува ремек-дело во балетската литература кое ја спојува магијата
на ориенталните приказни, драматичната музика и раскошниот сценски израз. Со
богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали,
делото ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и интригата, а
ликот на Шехерезада носи мистерија и вештина што ја фасцинира публиката со
секоја сцена.