Connect with us

Регион

СВР Струмица: за 24 часа, санкционирани 20 возачи на лесни електрични возила и одземени се 2 лесни електрични возила

Media Press

Објавено на

Секторот за внатрешни работи Струмица ја известува јавноста дека секојдневно презема мерки и активности со цел санкционирање на лица кои управуваат лесни електрични возила (електрични тротинети) спротивно на предвидените законски одредби.
Како резултат на преземените мерки само во последните 24 часа на подрачје на секторот се санкционирани 20 возачи на лесни електрични возила и одземени се 2 лесни електрични возила.
СВР Струмица ќе продолжи и во иднина со секојдневно преземање мерки и активности кон лицата кои ги прекршуваат законските одредби на ЗБСП во кои е предвидено следното:
                                                                            Член 103-а
(1) Возачот на лесно електрично возило е должен да го управува возилото по велосипедска патека, велосипедска лента или патека за велосипедисти и пешаци а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.
(2) Ако двајца или повеќе возачи на лесно електрично возило се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг.
(3) Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, патека за велосипедисти и пешаци, тротоар или пешачка патека, возачот на лесно електрично возило е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.
(4) На велосипедска патека, велосипедска лента, патека за велосипедисти и пешаци, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.
(5) Возачот на лесно електрично возило, може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.
(6) Возачот на лесно електрично возило, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 20 km/h.
(7) Возачот на лесно електрично возило, не смее да се движи по патека за велосипедисти и пешаци, тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци, со брзина поголема од 6 km/h.

* за постапување спротивно од одредбите во член 103-а ставови од 1 до 5 е пропишана глоба во износ од 80 евра во денарска противвредност, за што на сторителот на сообраќајниот прекршок ќе му се издаде прекршочен платен налог,
* за постапување спротивно од одредбите во член 103-а ставови од 1 до 5 е пропишана глоба во износ од 80 евра во денарска противвредност за родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на овие одредби, за што на родителот/старателот ќе му се издаде прекршочен платен налог,

* за постапување спротивно од одредбите во член 103-а ставови 6 и 7 е пропишана глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност, за што на сторителот на сообраќајниот прекршок ќе му се издаде прекршочен платен налог,
* за постапување спротивно од одредбите во член 103-а ставови од 1 до 5 е пропишана глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност за родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на овие одредби, за што на родителот/старателот ќе му се издаде прекршочен платен налог,
„Покрај утврдениот износ на глоба, возилото ќе биде привремено одземено во времетраење од 30 дена.“.
                                                                                    Член 103-б
Возачот на лесно електрично возило не смее да управува со возилото на начин на кој се намалува стабилноста на возилото и ја попречува или загрозува безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а особено несмее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да вози на едно тркало, да превезува, да влече или турка предмети и слично.“.
Возачот на лесно електрично возило за време на управувањето со возилото не смее да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид на електронски уред со кој би му се намалила стабилноста и можноста за реагирање и сигурно управување со возилото, освен специјализираните уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот на дете кое постапува спротивно на наведените одредби;

Член 103-в

(1) Лесно електрично возило може да управува лице кое навршило 18 години  возраст.
(2) Возачот на лесно електрично возило не смее да превезува други лица, односно не смеат да се превезуваат други лица за време на управувањето со возилото.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот и на лицето кое се превезува спротивно на одредбите од ставот (2) на овој член.
Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му биде привремено одземено возилото во времетраење од 30 дена.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставовите (1) и (2) на овој член.
Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му биде привремено одземено возилото во времетраење од 30 дена.
                                                                           

Член 103-г

(1) Возачот на лесно електрично возило е должен да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.
(2) Возачот на лесно електрично возило, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставовите (1) и (2) на овој член.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставовите (1) и (2) на овој член.
                                                                             Член 103-д
(1) Возач на лесно електрично возило, за времето додека управува со возилото не смее да води животни.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност согласно со одредбите на овој закон, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.  

Член 103-ѓ

(1) Возач на лесно електрично возило не смее да управува со возилото во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возилото ако во организмот има алкохол или ако покажува знаци на алкохолна растроеност, согласно со членот 228 став (2) од овој закон.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 225 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член и кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 g/kg до 1,00 g/kg. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му биде привремено одземено возилото во времетраење од 30 дена.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 275 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член и кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,01 g/kg до 1,50 g/kg. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му биде привремено одземено возилото во времетраење од 30 дена.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 225 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба возилото ќе биде привремено одземено во времетраење од 30 дена.
* Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 275 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба возилото ќе биде привремено одземено во времетраење од 30 дена.“.

СВР Струмица апелира до сите лица кои управуваат лесни електрични возила, како и до родителите, да ги почитуваат предвидените законски одредби, пред се заради лична безбедност на возачите на лесни електрични возила, како и безбедност на сите останати учесници во сообраќајот.

прикажи повеќе

Регион

Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство

Media Press

Published

на

На 06.11.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(33) од тоа село. Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени повеќе тегли исполнети со марихуана, две растенија од канабис и семки од канабис, а при преглед на К.П. тој извадил и предал рачно изработена цигара со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.П.Е.(63) од Струмица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „волксфаген“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Е.П.Е. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Љ.Г.(34) од село Вељуса, струмичко. По преземени мерки било констатирано дека лицето со возилото врши јавен превоз на патници, без да поседува соодветна документација. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.11.2026 во 05:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 46-годишен жител на струмичко село. Според пријавеното тој на 08.11.2026 во Струмица физички ја нападнал неговата 44-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Регион

Сообраќајна несреќа со смртни последици на магистралниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Радичево

Media Press

Published

на

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Прочитај повеќе

Регион

Една сообраќајна нзгода, возење под дејство на алкохол и без возачка дозвола, пронајдена дрога, се дел од билтенот на СВР Струмица

Media Press

Published

на

На 17.10.2026 во 10:40 часот на бул. „Гоце Делчев” во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Струмица и товарно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(34) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „хундаи“ Т.А.(44) од Струмица, а повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на Полициската станица Струмица.

На 17.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Т.(46) од струмичко. При преземање службени дејствија кон него, М.Т. извадил и предал хашиш и други предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќеска (18.10.2026) во 02:20 часот на крстосница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер било констатирано дека Б.Т. возилото го управува со 1.63 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.

Ноќеска (18.10.2026) во 00:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Б.(42) од Гевгелија. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер е констатирано дека М.Б. возилото го управува со 1.60 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.

Ноќеска (18.10.2026) во 00:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(44) од село Бојане, општина Сарај. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе