Македонија

Модернизација на комуналните услуги: Општините Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар, Велес и Град Скопје добиваат 49 нови специјализирани возила со поддршка од Светска банка

Возила и специјализирана опрема за подобрување на комуналната хигиена пристигнуваат во Град Скопје и уште девет други општини ширум земјава. Новата опрема денеска беше официјално промовирана од страна на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓеоргиевски.

Станува збор за набавка реализирана во соработка со Светската банка, преку која се обезбедени вкупно 49 возила наменети за одржување на јавната чистота. Во овој пакет се вклучени:

  • 19 мултифункционални камиони од различен тип
  • 9 специјализирани камиони-цистерни
  • 21 мултифункционално возило за чистење улици

Покрај главниот град, од оваа поддршка директно ќе имаат корист и граѓаните на Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

Вицепремиерот Александар Николоски истакна дека целиот процес е спроведен со максимална финансиска дисциплина и транспарентност. Набавката е финансирана од претходно заштедени средства од проектот за локални и регионални патишта. Првичната проценета вредност на опремата изнесувала 5,5 милиони евра, но преку тендерската постапка е договорена цена од 4,2 милиони евра — со што е остварена директна заштеда од околу 1,3 милиони евра.

Замислата за овој проект произлегла како директен одговор на предизвиците со хигиената во главниот град и потребата за поддршка на локалните самоуправи. Од Владата изразија надеж дека преку идни слични проекти, и останатите општини во Македонија ќе добијат соодветна опрема за поквалитетни комунални услуги.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago