Uncategorized

Отворен повик за жени од Југоисточниот регион за обуки и поддршка на зелени иницијативи

Македонски Каритас објави јавен повик за жени од Југоисточниот регион на Македонија за учество во програма која опфаќа четири еднодневни обуки посветени на женското лидерство, заштитата на животната средина и развојот на зелени иницијативи во локалните заедници.

Повикот е отворен за индивидуални учеснички и за претставнички на граѓански организации од општините Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село и Струмица. Бројот на учеснички е ограничен.

Програмата има цел да ги зајакне знаењата и практичните капацитети на жените во областа на заштитата на животната средина, климатските промени и локалното лидерство, како и да создаде услови за нивно поактивно учество во креирањето и спроведувањето иницијативи од значење за заедницата.

Во рамки на обуките ќе бидат опфатени теми поврзани со одржливото управување со водните ресурси, отпадните води, чистењето и заштитата на реките и каналите, адаптацијата кон климатските промени, планирањето и управувањето со проекти во локалната заедница, како и улогата на жените во локалното лидерство, процесите на донесување одлуки и застапувањето за прашања од областа на животната средина.

Посебен дел од програмата е можноста учесничките, по успешно завршување на обуките, да аплицираат за микро-грантови за реализација на сопствени зелени иницијативи во своите локални заедници.

Избраните иницијативи ќе добијат финансиска и менторска поддршка во текот на нивната реализација, со што стекнатите знаења од обуките ќе можат да се преточат во конкретни активности и видливи придобивки за локалното население и животната средина.

Трошоците за учество во програмата се покриени во рамките на проектот.

Заинтересираните кандидатки можат да се пријават преку онлајн формуларот објавен на интернет-страницата на Македонски Каритас,  https://caritas.mk/javen-povik-za-poddrska-za-zensko-lide/

Рокот за пријавување е 9 септември 2026 година.

Датумите и локациите на четирите обуки дополнително ќе им бидат соопштени на избраните учеснички.Програмата се реализира во рамки на проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода, санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој го спроведува Македонски Каритас со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија и Каритас Словенија

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago