Центарот за
управување со кризи информира дека до 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари
на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати.
Активни се
пожарите во Оштините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с.
Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци
и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација), Општина Крушево: с.
Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и деградирана дабова шума), во
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума),
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска
вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Натаму, како
што информира ЦУК. активни пожари има и во Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в.
Дарда (високостеблеста букова шума), Општина Велес: с. Караслари (ниска
вегетација и грмушки), Општина Липково: с. Никуштак (ниска вегетација и шума) и
во Општина Куманово: с. Кучкарево и с. Градиште (ниска вегетација).
Изгаснати се
пожарите во Општина Радовиш: с. Калугерци (ниска вегетација и контејнер),
Општина Гостивар: кај стадионот во населба Фазанерија (ниска вегетација и
ѓубре), Општина Неготино: м.в. Ило Виларов (ниска вегетација) и во Општина
Струга: Ново Село (ниска вегетација).