Регион

Производителите на ајварка револтирани, не може постојано едни да печалат на грбот на другите

Националната земјоделска мрежа бара итно донесување законска регулатива со која ќе се утврдат реалните производствени трошоци за земјоделските култури, а врз нивна основа – и задолжителни минимални откупни цени.

Струмичките производители се незадоволни со сегашните 25 денари за килограм и велат дека не може да ги покријат ниту производствените трошоци. Тие бараат зголемување на откупната цена на куртовската капија – 50 денари за прва класа, 40 денари за прва-втора класа и 20 денари за втора класа.

Националната земјоделска мрежа дава целосна поддршка на земјоделците.

– Моменталната откупна цена на градинарските култури е многу ниска и не може да ги покрие производствените трошоци. Земјоделците се соочуваат со сериозна економска неизвесност и бараат државата да изготви долгорочна стратегија за земјоделството, со поголема финансиска и правна поддршка за производителите. Во спротивно, трговците ќе продолжат да профитираат на сметка на производителите и на граѓаните – изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Здружението.

Од Мрежата бараат со закон да се утврди минималната откупна цена за сите земјоделски производи и да се забрани нивни откуп по цена пониска од законски утврдената.– Исто така, бараме со закон да се утврди дека сите земјоделски производи што ги откупуваат трговците мора да бидат исплатени во рок од 30 дена. За жал, тоа најчесто не е случај. Трговците често манипулираат со откупот, а инспекторите не ја следат доволно состојбата на терен. Токму затоа земјоделството е доведено во ваква состојба – додава Каракашев.

Министерот Серафимовски претходно порача дека откупната цена ја определуваат пазарните услови, но нагласи дека процесот мора да биде законски, транспарентен и предвидлив. Во меѓувреме, земјоделците остануваат на своите барања и најавуваат дека ќе продолжат со притисокот сè додека не добијат конкретно решение за цената на пиперката.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago