Радовиш

Правен субјект од Дедино вршел дејност без соодветно одобрение и препакување производи со несоодветна декларација

На 30.07.2026, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш, во координација со инспекциски служби од Агенцијата за храна и ветеринарство, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за земјоделие, извршија контрола во правен субјект во село Дедино, општина Конче.

При контролата биле констатирани неправилности во работењето на субјектот, меѓу кои вршење дејност без соодветно одобрение и препакување производи со несоодветна декларација. Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство донесени се решенија за ништење на 134,5 килограми производи, забрана за вршење дејност и пломбирање на објектот.

Неправилности констатирале и другите надлежни инспекциски органи, кои ќе постапуваат согласно своите законски надлежности. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот, ОВР Радовиш ќе поднесе соодветен поднесок.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago