Струмица

21. „АСТЕРФЕСТ“ ОТВОРЕН ВО ПРЕПОЛН АМФИТЕАТАР

Синоќа во Амфитеатарот во Струмица во присуство на огромен број филмски љубители, Градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков го отвори 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, а основачот и директор на „Астерфест“ Горан Тренчовски ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер во преполн амбиент беа прикажани кратки филмови од маратонската натпреварувачка програма, а веднаш потоа следуваше проекцијата на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“.
Вториот фестивалски ден продолжува денес, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта од 20:30 часот ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција.
Утре, во 11:00 часот во Младинскиот центар на програмата е уште еден промотивен филмски настан. Осврт кон книгата „Аспекти на филмската режија“ на Антонио Митриќески ќе има Сузана Мицева, за монографското издание за 70 години македонски филмски плакат на Кинотеката на Македонија ќе зборува Арсим Лесковица, кон антологијата „Кинестетични раскази“ ќе се осврне Мимоза Рајл, а ќе биде претставено и ДВД-то „Нефилм“ по повод 120 години од раѓањето на Семјуел Бекет. Веднаш потоа, ќе има прашања и одговори со авторот Митко Панов, кој ќе сподели мигови од своето режисерско искуство.
Фестивалот е поддржан од Општина Струмица и Агенцијата за филм на РС Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago