Струмица

🎬 Струмица повторно го живее филмскиот сон – започнува Астерфест!

Фестивалот ја позиционира Струмица во центарот на македонската култура и меѓународната уметничка сцена повторно ги отвора вратите.

Огромни честитки се упатија до лауреатката Синоличка Трпкова за нејзината исклучителна кариера и придонес во нашата уметност! 🌟

Градоначалникот Петар Јанков ги повика струмичани: ,,Драги струмичани и гости, ве покануваме сите заедно да уживаме во фестивалските денови, врвната филмска програма и незаборавната атмосфера! “🥂✨

Започна 21. издание на Астерфест!


Постоењето на овој меѓународен филмски фестивал ја издигнува Струмица меѓу најзначајните културни центри во државата. Благодарение на ваквите манифестации, нашиот град е препознатлив како современа културна дестинација која ги обединува уметноста, креативноста и меѓународната соработка.Честитки до годинашниот лауреат, актерката Синоличка Трпкова и за нејзиниот богат актерски опус, посветеност и исклучителен придонес во филмската, телевизиската и драмската уметност кои оставија неизбришлива трага во македонската култура.

Пред нас се неколку фестивалски денови исполнети со извонредни филмски остварувања, нови средби, разговори и инспирација. Драги струмичани, Ви посакувам да уживате во филмската магија, да откриете нови перспективи и оваа година Астерфест да не направи побогати за уште едно незаборавно културно искуство!

Извор: Petar Jankov

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago