Connect with us

Радовиш

📢 РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ: Улицата „Коџа Баир“ во Радовиш стана опасна за пешаците, тротоарите се блокирани со шут, возила и ѓубре!

Media Press

Објавено на

РАДОВИШ – До нашата редакција пристигнаа фотографии и загрижувачки допис од жителите кои живеат на улицата „Коџа Баир“ (во близина на турските гробишта) во Радовиш. Граѓаните алармираат за крајно запоставената состојба на тротоарите на оваа улица, која секојдневно го загрозува нивниот живот и безбедност.

Според информациите и фотографиите испратени од загрижен жител, пешачењето по тротоарите на оваа делница е буквално невозможно.

⚠️ Со какви проблеми се соочуваат граѓаните?

  • Блокирани тротоари: Просекот наменет за пешаци е преплавен со натрупани камења, земја и градежен шут.
  • Заборавени возила: На самиот тротоар паркирано возило .
  • Дива вегетација и отпад: Тротоарите се обраснати со неискастрени грмушки и висока трева, а дополнителен проблем е и сметот кој несовесни граѓани секојдневно го фрлаат на ова место.

„Пешаците се принудени да се движат по самиот коловоз бидејќи немаат пристап до тротоарите. Со тоа директно го ризикуваат својот живот и се изложени на опасност да бидат прегазени, со оглед на тоа што по оваа улица често се вози со многу поголема брзина од дозволената“, се вели во дописот од револтираните граѓани.

🏛️ Апел до надлежните институции

Жителите јавно бараат и апелираат до Општина Радовиш и надлежните јавни претпријатија под итно да преземат мерки за расчистување на тротоарите, отстранување на хаварисаното возило и кастрење на дивата вегетација, со цел да се врати безбедноста на пешаците пред да се случи некоја несакана несреќа.

прикажи повеќе

Радовиш

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Media Press

Published

на

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков Мисирков, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, се одржа научна трибина посветена на неговиот живот, дело и визија.

Трибината беше организирана од библиотеката „Браќа Миладиновци“ , во соработка со Комисијата за култура, образование и спорт на општина Радовиш.

На темата „Мисирков и неговата визија за македонската иднина“ говореа проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. Јовица Илиќ, кои преку своите излагања го доближија ликот и делото на Крсте Петков Мисирков пред присутните. Модератор на настанот беше Гордана Здравкоска која со професионален пристап, внесе јасност и динамика на настанот.

Преку внимателно осмислените воведувања, промислените прашања и умешното поврзување на излагањата, таа овозможи темата да биде осветлена од различни аспекти, а мислата на Мисирков да се согледа во нејзината историска, јазична и национална длабочина.

Оваа средба имаше и посебна историска симболика. Се одржа непосредно пред 18 ноември, денот на раѓањето на Мисирков во 1874 година, а во годината кога се навршуваат 100 години од неговата смрт (26 јули 1926 година).

Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со почит кон македонското историско и културно наследство, трибината обедини гости, пријатели и колеги македонисти во заедничко чествување на личноста чии идеи оставиле длабока и трајна трага во македонската историја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за „фалсификување службена исправа“ против двајца полициски службеници од ОВР Радовиш

Media Press

Published

на

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со „фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик.
На 13.10.2026, пријавените,  полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник, првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка, регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум не биле запрени и контролирани од полициски службеници. 

Прочитај повеќе

Радовиш

АХВ со вонредни контроли во месарниците – во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Media Press

Published

на

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Прочитај повеќе