Конче

ТРИ ДЕЦЕНИИ ОПШТИНА КОНЧЕ: Свечена седница, признанија за развојот и богата традиција на манастирот „Св. Стефан“

Општина Конче денес со низа свечености го одбележа големиот јубилеј – 30 години од своето основање. Прославата започна со свечена седница на Советот на општината, а продолжи со богата културно-уметничка програма и промоција на традиционалната трпеза во манастирскиот двор.

Развој по мерка на граѓаните и силна меѓуопштинска соработка

Свечената седница ја отвори претседателката на Советот на Општина Конче, Бранкица Вучкова, посакувајќи им добредојде на присутните советници, граѓани и деловни соработници.

Настанот беше збогатен и со присуството на гости од соседните општини, меѓу кои и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, како и градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец.

Во своето празнично обраќање, градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов, се осврна на досегашните постигнувања, со посебен акцент на рамномерниот развој и подобрувањето на инфраструктурата.

„Се работи посветено во сите сегменти од општественото живеење. Ја подобруваме и решаваме инфраструктурата со единствена цел – да создадеме подобри услови за живот. Но, во ниту еден момент не забораваме дека ова е пред сè богат земјоделски крај. Ова е приказна која ја граделе генерации и затоа со особена почит им оддаваме признание на сите кои биле учесници во развојот на Конче. Нека овој голем јубилеј биде мотив и обврска да продолжиме заедно, уште посилно и пообединето. Од срце Ви го честитам 30-годишниот јубилеј. Нека ни е вечен нашиот роден крај!“ – истакна градоначалникот Ристов.

Доделени признанија: Рударството како двигател на економијата

Како дел од свеченоста, беа доделени признанија и благодарници на поединци и организации кои оставиле траен белег во развојот на општината. Признание беше доделено на менаџерскиот тим на Бучим, кое е од големо значење за развојот на општината.

Меѓу наградените беше и поранешниот заменик-генерален директор на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов. Во оваа пригодина беше разменета и двострана благодарност – Николов, од своја страна, му врачи благодарница на градоначалникот во знак на признание за клучниот придонес и поддршката која Општина Конче ја даде при отворањето на рудникот „Боров Дол“, што е од огромно значење за македонското рударство и локалната економија.

Традиционални трпези во манастирот „Св. Стефан“: Лубница со прва награда

По завршувањето на официјалниот дел, прославата се пресели во прекрасниот амбиент на средновековниот манастир „Св. Стефан“ од 14 век. На овој простор, кој со векови ја чува духовната традиција, вредните домаќинки од Конче и од околните населени места Лубница, Ракитец и Габревци подготвија богати трпези со традиционални јадења карактеристични за ова поднебје.

Трпезите имаа и натпреварувачки карактер, а стручното жири ги додели следните награди за највкусни и најавтентични специјалитети:

  • Прво место: с. Лубница
  • Второ место: општина Конче
  • Трето место (поделено): с. Габревци и с. Ракитец

Настанот беше заокружен со настапи на повеќе културно-уметнички друштва, кои преку игра и песна го презентираа раскошното фолклорно богатство и традиција на овој крај, оставајќи силен впечаток кај многубројните гости.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago