Connect with us

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Две години управуање со јавните финансии – избор за дисциплина, фискална одговорност и долгорочни решенија

Media Press

Објавено на

Управата за финансиско разузнавање во изминатите две години значително го зајакна националниот систем за спречување на перење пари и финансирање на тероризам преку усогласување со европските и меѓународните стандарди. Беа усвоени Националната проценка на ризик и новата Национална стратегија, донесени се законски измени и акциски планови за исполнување на препораките на MONEYVAL, а посебен фокус беше ставен на новите ризици поврзани со крипто-средствата.
По спроведени надзори на Управата за финансиско разузнавање, поради непостапување согласно одредбите поврзани со обврската за пријавување сомнителни трансакции, во 2024 година на една банка е наплатена глоба во вкупен износ од 46.000 евра. Во 2025 година поради истите неправилности наплатени се глоби од три субјекти, две банки и едно финансиско друштво, во износ од 80.500 евра.
Покрај финансиските санкции, во 2024 година беа изречени и корективни мерки со препораки за отстранување на утврдени недостатоци кај вкупно четири субјекти, и тоа една банка, едно лизинг друштво, еден приредувач на игри на среќа во казино и еден приредувач на игри на среќа во обложувалница.

Бирото за јавни набавки во изминатите две години направи значаен исчекор во модернизацијата и дигитализацијата на системот за јавни набавки. Го надградивме Електронскиот систем за јавни набавки со нови функционалности кои ги поедноставуваат постапките, ја намалуваат административната работа и обезбедуваат поголема ефикасност и транспарентност.
Посебно значаен резултат е интеграцијата на податоците за вистинските сопственици на компаниите во системот за јавни набавки. Денес, кај над 99 проценти од повеќе од 19 илјади објавени договори, овие информации се јавно достапни, што претставува силен механизам за зголемување на отчетноста и спречување на злоупотребите.

Истовремено, го зголемивме користењето на е-Пазарот за набавки од мала вредност, го унапредивме системот за следење на ризици преку индикаторите за „црвени знаменца“, а реформите во јавните набавки добија позитивна оценка и од Европската комисија и од Светска банка.

Управата за имотно-правни работи во изминатите две години постигна значителен напредок во забрзувањето на управните постапки и реализацијата на капиталните проекти. По надминувањето на затекнатиот застој, динамиката на решавање на предметите за приватизација на градежното земјиште беше повеќекратно зголемена, при што од јули 2024 до јуни 2026 година се донесени околу 20 илјади решенија.
Истовремено, Управата имаше клучна улога во реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти преку спроведување на над 5.700 постапки за експропријација, со што директно придонесе за забрзување на изградбата на Коридорите 8 и 10-д, автопатот Кичево–Охрид, како и на бројни локални и енергетски проекти. Паралелно со оперативните активности, работевме и на унапредување на законската рамка и поедноставување на постапките, со цел поефикасни услуги за граѓаните и побрза реализација на инвестициите.
Но, свесни сме дека реформите не завршуваат овде.
Нашата визија останува непроменета – силни институции, стабилни јавни финансии, конкурентна економија и повисок животен стандард за секој граѓанин.
Две години покажавме дека можеме да управуваме одговорно. Дека можеме да носиме тешки, но исправни одлуки. Дека можеме да градиме систем наместо да решаваме проблеми од ден за ден. Тоа е правецот по кој ќе продолжиме и во наредниот период – со уште повеќе инвестиции, уште повеќе реформи и уште посилна економија.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе