Македонија

Директорот на Царина Николовски: Нов рекорд во месечната наплата на приходи – во јуни наплатени 12,68 милијарди денари, за 37,9 милиони евра повеќе од лани

Во јуни наплативме приходи од 12,68 милијарди денари, со што поставивме нов рекорд во месечната наплата на приходи од основањето на Царинската управа, истакна директорот Бобан Николовски на денешната прес-конференција на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, организирана по повод двегодишен отчет од работата.

На месечно ниво, во јуни, наплатата е зголемена за 37,9 милиони евра, што претставува раст од 22,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година. На кумулативно ниво, од почетокот на годинава, наплатата на приходи е зголемена за 63,3 милиони евра во однос на лани. 

„Ова е историски највисока месечна наплата на приходи, при што е надминатo и претходното највисоко остварување од јули минатата година. Ги затегнавме чешмите од сите страни и во континуитет постигнуваме резултати коишто овозможуваат одржлив економски раст“, истакна Николовски, притоа заблагодарувајќи ѝ се на министерката за континуираната поддршка.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago