Регион
Николоски од Струмица: Најголема поддршка од Владата за Струмица. Градиме крупна инфраструктура во Просениково, инвестираме во комунални проекти и во Василево и Босилово, а работиме и на планот за изградба на експресен пат Радовиш-граница со Бугарија
Објавено на
Од
Media Press
Работиме на изградба на огромен проект во село Просениково, проект за атмосферска канализација која треба да го реши проблемот за околу 1700 жители во Просениково. Дополнително се работи и на други комунални проекти во Босилово и Василево, финансирани од буџетот на Министерството за транспорт, истанка денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на Струмица.
Тој заедно со градоначалникот Петар Јанков извршија увид во изградбаta на атмосферската канализација, инвестиција од 48 милиони денари.
“ Кога бевме во кампања, заедно со сегашниот градоначалник, а тогаш кандидат, а ова беше големо ветување и драго ми е што еве веќе го реализираме. А се трудам секогаш да го одржиме зборот. Пристојните услови за живот се наш императив и затоа се обидуваме да инвестираме во вакви проекти. Рокот за завршување е до октомври месец 2027 година, но веќе зборувавме со изведувачот и со градоначалникот, доколку успеат да го завршат оваа година, Министерството за транспорт обезбеди средства да се заврши и оваа година, така што од наша страна финансиски стимул има. Сега е на општината и на изведувачот да овој проект се заврши, па веќе в година да влеземе во реализација на нови проекти” – изјави Николоски.

Тој додаде дека преку буџет на Министерството се работи уште не два комунални проекти, изградба на фекална канализација во село Моноспитово во вредност од 22 милиони денари и изградба на фекален канализационен систем во Градошорци во Василево, во вредност од 22 милиони денари. Во делот на инвестициите во патната мрежа најави изгардба на експресен пат од Радовиш до граница со Бугарија.

“ Веќе е објавен тендер за избор на изведувач за изработка на сите потребни студии: проектирање, претпроектирање, еколошки студии, социјални студии, физибилити студии за изградба на експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, Ново Село и граница со Бугарија. Тоа ќе е нов тип на експресен пат, каде што ќе имаме две плус две ленти со простор помеѓу двете ленти. Значи, нешто слично на она што сега го нарекуваме автопатско решение Тетово-Гостивар или нешто слично на она што го имаме сега кај Дреново-Фариш, значи едно практично автопатско решение коишто ќе треба да ги поврзува Радовиш, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија. На тоа би сакал да ја надополнам и улицата „23-ти Октомври“ во Струмица, во должина од 1,4 километри, инвестираме некаде околу 31 милион денари или нешто над 650.000 евра. При крај е реализацијата, очекувам до крајот на јули месец целосно да биде завршена”- истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков истакна дека со изградбата на атмосферската канализација во Просениково, трајно ќе се реши проблемот на жителите со поплавите како на домовите, така и на обработливите површини.
Поврзани содржини
Регион
Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 06.11.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(33) од тоа село. Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени повеќе тегли исполнети со марихуана, две растенија од канабис и семки од канабис, а при преглед на К.П. тој извадил и предал рачно изработена цигара со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.П.Е.(63) од Струмица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „волксфаген“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Е.П.Е. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Љ.Г.(34) од село Вељуса, струмичко. По преземени мерки било констатирано дека лицето со возилото врши јавен превоз на патници, без да поседува соодветна документација. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.11.2026 во 05:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 46-годишен жител на струмичко село. Според пријавеното тој на 08.11.2026 во Струмица физички ја нападнал неговата 44-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Регион
Сообраќајна несреќа со смртни последици на магистралниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Радичево
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
Media Press
На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Регион
Една сообраќајна нзгода, возење под дејство на алкохол и без возачка дозвола, пронајдена дрога, се дел од билтенот на СВР Струмица
Published
4 недели agoна
октомври 19, 2026By
Media Press
На 17.10.2026 во 10:40 часот на бул. „Гоце Делчев” во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Струмица и товарно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(34) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „хундаи“ Т.А.(44) од Струмица, а повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на Полициската станица Струмица.
На 17.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Т.(46) од струмичко. При преземање службени дејствија кон него, М.Т. извадил и предал хашиш и други предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќеска (18.10.2026) во 02:20 часот на крстосница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер било констатирано дека Б.Т. возилото го управува со 1.63 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска (18.10.2026) во 00:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Б.(42) од Гевгелија. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер е констатирано дека М.Б. возилото го управува со 1.60 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска (18.10.2026) во 00:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(44) од село Бојане, општина Сарај. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



