Регион

ГОЛЕМО ПАТНО ПОВРЗУВАЊЕ: Радовиш, Струмица и Ново Село добиваат нов експресен пат со четири ленти до бугарската граница!

СТРУМИЦА, 01 јули 2026 – Патната мрежа во источниот и југоисточниот дел од државата влегува во фаза на сериозна модернизација. Потпретседателот на Владата и

Министер за транспорт и врски Александар Николоски, денеска во изјава за медиумите најави изградба на нов експресен пат кој ќе го поврзе Радовиш со границата со Бугарија, поминувајќи низ Струмица и Ново Село.

За овој крупен инфраструктурен проект веќе се преземени првите конкретни чекори. Објавен е тендер за избор на изведувач кој ќе треба да ги изработи сите потребни студии – од проектирање и претпроектирање, па сè до еколошки, социјални и физибилити студии.

„Тоа ќе е нов тип на експресен пат, каде што ќе имаме две плус две ленти со простор помеѓу нив. Значи, едно практично автопатско решение, слично на она што сега го нарекуваме автопат Тетово-Гостивар или како делницата Дреново-Фариш“, истакна вицепремиерот Николоски.

Новото патно решение драстично ќе го олесни патувањето, ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и значително ќе ја унапреди економската и трговската соработка со соседна Бугарија, отворајќи нова перспектива за бизнисите и граѓаните од овој регион.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago