Македонија
Димитриеска-Кочоска на ЦЕФ Форум: Отпорните институции се гаранција за стабилност, развој и доверба во државата
Објавено на
Од
Media Press
Во услови на глобална неизвесност, брзи промени и сè посложени предизвици, градењето отпорни институции е клучно за обезбедување стабилност, развој и доверба на граѓаните во државата, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на ЦЕФ Форум 2026, кој денеска се одржа во Скопје на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“ во организација на Министерството за финансии и Центарот за извонредност во финансиите (CEF).
“Отпорна институција е институција која има капацитет да се адаптира, да учи и да продолжи да испорачува резултати и во најпредизвикувачки околности. Тоа е институција која располага со јасна визија, компетентно лидерство и професионална администрација“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека за Министерството за финансии отпорноста е тесно поврзана со стабилноста и одржливоста на јавните финансии, поради што се спроведуваат реформи насочени кон зајакнување на фискалната дисциплина, подобрување на управувањето со јавните ресурси, зголемување на транспарентноста и понатамошна дигитализација на финансиските процеси.
“Нашата цел е да изградиме систем кој не само што реагира на предизвиците, туку и навремено ги предвидува ризиците и создава политики што обезбедуваат долгорочна стабилност и сигурност за економијата и граѓаните“, истакна министерката.
Министерката се осврна и на формирањето на Академијата за јавни финансии, која треба да прерасне во центар за знаење, иновации и континуиран професионален развој во јавниот сектор, истакнувајќи дека инвестициите во човечкиот капитал и градењето професионална и компетентна администрација остануваат меѓу највисоките приоритети.
“Институциите не се силни поради нивните правила и процедури, туку поради луѓето кои секојдневно работат во нив. Затоа вложувањето во знаење, интегритет и лидерски капацитети е суштински дел од реформската агенда“, додаде таа.
Димитриеска-Кочоска посочи дека современите предизвици не познаваат граници и дека регионалната и меѓународната соработка денес претставуваат неопходност. Во тој контекст, таа ја нагласи улогата на Центарот за извонредност во финансиите (CEF), кој повеќе од две децении успешно гради заедница на знаење, доверба и соработка меѓу институциите од регионот и пошироко.
“Во време на глобални кризи и брзи технолошки промени, ниеден систем не може да функционира изолирано. Само преку партнерства, размена на искуства и заедничко учење можеме да изградиме институции кои се отпорни и подготвени за иднината“, нагласи министерката.
Пред почетокот на Форумот Министерството за финансии беше домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (CEF), кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на политики од регионот.

На состанокот присуствуваше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој со своето присуство ја потврди важноста на регионалната соработка, размената на знаења и заедничките напори за градење силни, отпорни и ефикасни јавни институции.
На Форумот учествуваа министри, гувернери на централни банки, високи владини претставници и меѓународни експерти, кои разменија искуства и ставови за лидерството во услови на притисок, координацијата во сложени околности и градењето институционални капацитети за справување со идните предизвици.
Настанот претставува значајна регионална платформа за дијалог и соработка, насочена кон унапредување на јавните политики и јакнење на институционалната отпорност во земјите од регионот.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

