Македонија

Одржа работилница на тема „Управување и рециклирање на пластична фолија за земјоделските култури во Македонија

Одржа работилница на тема „Управување и рециклирање на пластична фолија за земјоделските култури во Македонија, организирана од Општина Струмица, а со поддршка на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, која работи на зајакнување на малите и средни претпријатија во секторите одржлив агробизнис и одржлив туризам, денеска во Домот на АРМ се .

Како Општина којашто се наоѓа во еден од најголемите земјоделски региони и производители на храна во државата, но и Општина на којашто здравата животна средина и е приоритет, на работилницата активно учествуваше претставникот на општина Струмица, Томе Марангозов. Тој ги потенцираше предностите на регионот, но и заедничката потреба од правилното управување со земјоделската пластика за да може земјоделството да биде одржливо, а животната средина да биде заштитена од овој вид отпад.

На работилницата, покрај претставниците на општина Струмица и Швајцарската ИМЕ, учествуваа и претставници на релевантните институции, бизнис секторот, компаниите за управување со отпад и рециклирање, земјоделските производители и стопанските комори. По разгледувањето на актуелната состојба за која анализата покажала дека употребата на пластични фолии во земјоделството расте, а постојните практики на собирање и отстранување – продажба на приватни собирачи, складирање или палење, создаваат сериозни ризици за животната средина, беа предложени низа конкретни мерки за подобрување на управувањето со земјоделската пластика.

Учесниците ја нагласија потребата од воспоставување систем на проширена одговорност на производителите, со јасно дефинирани обврски за производителите и увозниците. Оваа мерка треба да биде придружена со измена на постојната законска рамка или донесување посебен закон за управување со земјоделска пластика, со кој ќе се опфатат пластенички, мулч и силажни фолии, агротекстил и други производи што се користат во земјоделството.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago