Македонија

Став на Националната земјоделска мрежа по повод изгласаната доверба на министерот за земјоделство

Националната земјоделска мрежа со свој став околу вчерашната бурна и тензична расправа во Парламентот околу досегашното работење на ресорниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Како Национална земјоделска мрежа, многупати досега јавно и гласно го искажавме нашиот став дека како земјоделци воопшто не сме задоволни од политиките кои се креираат во Министерството за земјоделство. Вчера, парламентарното мнозинство го искористи своето законско право, го донесе крајното решение и повторно му искажа доверба на министерот, продолжувајќи го неговиот мандат.

Националната земјоделска мрежа и нејзините членови, по сите упатени критики, конструктивни сугестии и јавни укажувања, сега очекуваат радикална промена во начинот на управување и креирање на политиките. Очекуваме промени во позитивна насока кои конечно ќе го одлепат македонскиот аграр од дното во кое се наоѓа во моментов.

Доколку ова не се случи во најбрз можен рок, логично е да се очекува нова интерпелација, но овој пат не во Собранието, туку директно од страна на незадоволните земјоделци на улиците.Остануваме со искрена надеж дека во периодот што следи конечно ќе дојде до вистински позитивни промени и дека македонскиот земјоделец ќе си го добие своето заслужено и достоинствено место во општеството, надвор и далеку од сите политички партиски калкулации и бизнис профитерски кругови“, стои во реакцијата на Национална земјоделска мрежа на Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago