Радовиш

Радовиш дел од проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“

Радовиш ќе биде дел од проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“ со кој ќе се зајакнуваат капацитети на јавните комунални претпријатија.

Градоначалникот Љупче Почивалец и директорката на ЈП Плаваја Лолита Арсова, присуствува на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“, на настан на кој учествуваа претставници на општините и јавните комунални претпријатија, државни институции, меѓународни организации, донатори, развојни банки, граѓански организации и медиуми.

За реализација на проектот се обезбедени 6,5 милиони швајцарски франци грант од SECO, додека Министерството за животна средина и просторно планирање учествува со национална контрибуција од 0,5 милиони швајцарски франци. Проектот ќе се спроведува во следните пет години и ќе опфати седум општини и нивните јавни комунални претпријатија, меѓу кои и Општина Радовиш.

Во рамки на проектот се предвидени активности за модернизација на комуналната инфраструктура, подобрување на енергетската ефикасност, примена на меѓународни стандарди за воден биланс, интегрирање на обновливи извори на енергија, воспоставување системи за мониторинг и зајакнување на институционалните капацитети на јавните комунални претпријатија.

Ова е значаен чекор кон поефикасни, одржливи и современи комунални услуги, со директни придобивки за граѓаните и животната средина.

Настанот беше отворен од амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер, и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, кои ја истакнаа важноста на инвестициите во модерни и одржливи комунални системи како предуслов за подобар квалитет на живот и поефикасно управување со ресурсите.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago