Connect with us

Конче

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против физичко и правно лице за фалсификување документи при продажба на дрва

Media Press

Објавено на

СВР Струмица – ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против правен субјект од Радовиш за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Првопријавениот С.К., како одговорно лице во пријавеното правно лице, злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба и овластување, изготвувал фиктивни испратници адресирани на непостоечки лица и без да се наведе адресата на испорачување на дрвните сортименти, а исто така, кај голем број од нив во делот за количина и вид на огревно дрво извршил корекција на бројките и буквите. На овој начин овозможил да се пушти во промет незаконски стекната дрвна маса во вкупна количина од 173,31 кубни метри, при што се стекнал со противправна имотна корист од 864.262 денари.
Исто така, констатирано е дека дваесет и седум испратници се разликуваат по количина на дрвни сортименти. По издадени испратници е наведено дека е испорачано 46 кубни метри, а од извршените проверки на терен и извршените разговори со лицата на кои се доставени огревните дрва е констатирано дека станува збор за испорачани 149 кубни метри огревно дрво. На овој начин,  односно со продажба на 103 кубни метри огревно дрво повеќе од прикажаното според испратници, се стекнале  со противправна имотна корист од 566.500 денари.
Исто така, С.К. во испратниците, односно во рубриката „одговорно лице“ го фалсификувал потписот на лицето кое било овластено да ги потпишува и ги употребил како доказ во правниот сообраќај.
На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 1.430.762 денари 

Конче

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Media Press

Published

на

На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.

На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.

„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.

Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.

Прочитај повеќе

Конче

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Media Press

Published

на

На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче,  полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.

Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе