Гевгелија

Над 25.000 посетители на концертната вечер на Северина во Гевгелија во рамки големото МЕГА отворање

 Регионалната поп-ѕвезда Северина вчеравечер приреди незаборавен концерт пред повеќе од 25.000 посетители во рамки на третиот ден од спектакуларното отворање на Мега Шопинг Парк во Гевгелија. Рекордната посетеност и одличната атмосфера го потврдија статусот на овој нов комплекс како водечка шопинг и забавна дестинација на Балканот.  

Програма започна со одлична енергија и настап на познатиот шоумен Жаре Бербер, кој максимално ја загреа атмосферата на сцената. Кулминацијата се случи со излегувањето на Северина, која со својата препознатлива харизма, моќна изведба и низа вонвременски хитови приреди концерт за паметење, исполнувајќи го капацитетот на МЕГА Шопинг Парк до последното место. 

Додека вечерните часови беа резервирани за големиот музички настан, дневната програма понуди богати содржини за сите генерации. Најмладите посетители уживаа во настапите на интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“, детската претстава „Super Music Talent Show“, парадата со маскоти и возбудливото тркало на среќата. Посебен впечаток и силен локален печат остави настапот на школата за тапани при Пионерскиот дом Гевгелија, кои со својот извонреден талент беа вистинско освежување на сцената. 

На површина од над 20.000 квадратни метри, МЕГА Шопинг Парк уште во првите денови ја демонстрираше својата позиција како најголем и најмодерен проект од ваков тип во регионот, привлекувајќи илјадници купувачи во внимателно конципираните продажни зони.

Во импресивната Fashion зона на 12.000 квадратни метри се сместени 50 продавници со познати брендови како : New Yorker, Њујоркер LC Waikiki, Sinsay, Sport Reality, Intersport, Koton, Sara Fashion,

Понудата продолжува со специјализираната Home Decor и DIY зона на 5.000 квадратни метри преку реномираните Jysk, Pepco, Sara Home, Comodita, Home+ и Office Plus. 

Трговскиот дел е заокружен со капацитетите на Сетек, Тинекс, Зегин, ДМ, Жан Митрев, Skin Clinic и уникатниот концепт NEST 24/7, како и најголемата забавна зона во регионот, Bo Bowling & Gaming Arcade која се простира на 2.500 квадратни метри. Посебен дел од искуството беше зоната Gourmet Avenue со брендовите KFC, Baking Bread, Gyro House, Wall Street и Velvet Bar & Kitchen. Како предводник на модерните трендови и одржливоста, паркот го стави на располагање и својот Smart & Eco сегмент со 12 брзи полначи за електрични возила, со што се поставуваат нови европски стандарди во работењето. 

Овој грандиозен успех на отворањето е потврда дека МЕГА Шопинг Парк не е само локално место за пазарување, туку дестинација со регионален формат која во иднина ќе ја позиционира Гевгелија како централна фокусна точка за квалитетно поминато време и врвна забава на Балканот. 

Спектакуларното отворање организациски беше целосно на PIKSEL -Дигитална агенција специјализирана за електронска трговија (e-commerce), изработка на веб-страници и целосен интернет маркетин. Гевгелија и регионот, 4 дена уживаа во професионалната организација по европски стандарди за сите вкусови.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago