Струмица

Јанков: Во време кога светот се движи пребрзо, книгата останува нашето најсигурно засолниште на мудроста, знаењето и човечноста

До утре 28 мај Струмица е градот во кој книгата има посебно место.

Градоначалникот Петар Јанков вчера го отвори Саемот на книгата 2026 на градскиот плоштад нагласувајќи дека за него е посебна чест што општина Струмица е организатор на ваков настан.

-Во време кога светот се движи пребрзо, книгата останува нашето најсигурно засолниште на мудроста, знаењето и човечноста. Таа не учи да сонуваме, размислуваме, да создаваме и да бидеме подобри луѓе. Токму затоа како локална самоуправа со големо задоволство поддржуваме настани кои ја негуваат културата, образованието и духовниот развој на нашите граѓани. Струмица од секогаш била град на културата, уметноста и творештвото, а овој Саем е уште една потврда дека нашиот град знае да живее со книгата и преку книгата. Особено ме радува што овие денови Струмица ќе биде место каде што читателите ќе се сретнат со авторите, каде што младите ќе откриваат нови светови, а љубовта кон пишаниот збор ќе добие уште поголема вредност. Упатувам искрена благодарност до сите издавачки куќи, автори, организатори, партнери и поддржувачи кои придонесоа овој Саем да стане реалност. Нека овие денови бидат празник на пишаниот збор, на инспирацијата и на новите идеи. Да ги охрабриме младите повеќе да читаат, затоа што секоја прочитана книга отвора нов видик, гради карактер и остава трага кај човекот. Верувам дека токму преку вакви настани создаваме општество кое ја вреднува културата, знаењето и вистинските вредности. Струмица заслужува да биде град во кој книгата секогаш ќе има посебно место, рече градоначалникот Јанков.

Саемот на книгата 2026 ќе биде отворен два дена.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago