Гевгелија

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена

На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум лица мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против косовските државјани е поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тие се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, додека мигрантите се сместени во во Центар за баратели на азил во Визбегово-Скопје.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago