Uncategorized

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.


Криминалната шема е разоткриена на влез во државата на граничен премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.


Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување. За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

Против осомничените, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.

Царинската управа и натаму ќе продолжи со активности со цел заштита на здравјето на граѓаните, при што апелираме дека сите оние кои работат спротивно на закон ќе бидат најстрого санкционирани. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago