Струмица
Општина Струмица одржа пригодна свеченост по повод 123 години од смрта на великанот Гоце Делчев
Објавено на
Од
Media Press
Градоначалникот Петар Јанков и општина Струмица, денеска се поклонија пред минатото и потсетија на една идеја што не умира. Идејата за слободна, достоинствена и своја Македонија, идеја на македонскиот револуционер и великан, Гоце Делчев.
Пред неговиот споменик, на плоштадот којшто со гордост го носи неговото име, се одржа пригодна свеченост по повод 123 години од неговата смрт. За животот и делото на Делчев, зборуваше градоначалникот Петар Јанков.

-Гоце Делчев не беше само револуционер. Тој беше учител, визионер и градител на национална свест. Во времиња кога македонскиот народ бил негиран, притискан и разединуван, Гоце ја разбуди мислата дека овој народ има свое име, свој дух и свое право на слобода. Тој знаеше дека народ без свест е лесно поробен,а народ со свест – непобедлив. Затоа денес, кога зборуваме за македонската нација, треба да зборуваме јасно и достоинствено, дека нашето постоење не започнува со ничија дозвола, ниту зависи од ничие признавање. Македонскиот народ постои преку својата историја, својот јазик, својата култура, својата борба и својата жртва, рече градоначалникот Јанков.
Зборувајќи за предизвиците и отворените прашања со коишто се соочува нашата држава, градоначалникот Јанков упати неколку пораки.-Најсилниот одговор што можеме да го дадеме е силна Македонија: со образовано младо поколение, со развиени и модерни општини, со економија што задржува народ дома, со институции што ја штитат вистината, и со народ што верува во себе. Тоа е современиот аманет на Гоце Делчев. Да го чуваме. Да го живееме. Да го пренесеме на генерациите што доаѓаат, додаде градоначалникот Јанков.
Како човек и градоначалник, кој ги почитува историските вредности и луѓето кои оставиле силен печат во нив, тој положи свежо цвеќе пред споменикот на Делчев, а ваква почит на Гоце му оддадоа и претставници на државни и општински институции, политички партии, општинскиот одбор на Сојузот на борците и нивните поддржувачи и здруженија на граѓани.
Во чест на Делчев, револуционерна поезија рецитираа членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“.
Поврзани содржини
Струмица
Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.
Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.
Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.
Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.
Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.
Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.
Струмица
Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!
На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.
Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.
Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.
На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.
Струмица
Ново мултифункционално игралиште во Куклиш
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште
Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.
Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!










