Василево

Еко модна ревија на учениците од Василево

Учениците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево организираа еко модна ревија во која моделите со кои продефилираа беа направени од отпадни материјали. Пораката беше јасна: заштита на животната средина преку „враќање во живот“ на еднаш употребени материјали. Учениците потсетија дека постојат безброј начин за реупотреба на веќе искористените материјали кои со рециклирање после нивната првична намена и употреба, повторно може и треба да бидат искористени како суровина за изработка на нови материјали и предмети со соодветна употребна вредност.

На ревијата беше присутен и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој својот став го сподели преки социјалните медиуми: „Модна ревија од отпадни материјали – креативност со еко порака!  Во рамките на Еко месецот, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Василево, организираа уникатна модна ревија изработена од отпадни материјали. Со многу креативност, труд и тимска работа, тие покажаа дека и од отпад може да се создадат вистински модни дела“, порача Андонов кој воедно изрази благодарност до сите вклучени во ова како што рече „уникатно еко доживување“.  „Ревијата имаше за цел да ја подигне свеста за рециклирање и повторна употреба, испраќајќи силна порака за заштита на животната средина. Голема благодарност до учениците, наставниците и сите вклучени во ова уникатно еко-доживување“, стои во споделениот ФБ статус,  https://www.facebook.com/vasilevo24.

Еко модната ревија беше подготвена во соработка со наставниците и родителите и истата се одржа во  големата сала во Домот на културата во Василево.

Ова е  само една од планираните активности во еко месецот за подигање на јавната свест за значењето на поединецот во зачувувањето на животната средина и планетата Земја како наш заеднички дом. Во подготовка е најмасовната еко акција за собирање на отпад на повеќе локации низ населените места на општина Василево –  Генералка викенд која ќе се одржи на 08.05.2026 година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago